Американската регулаторната агенција за храна и лекови, конечно се реши да ја воведе долгоочекувана ревизија на критериумите за „здраво“ на пакувањата од прехрамбените производи.
На сила беа правила поставени уште пред 28 години според кои јатки, лосос, авокадо и маслиново масло не беа квалификувани да се обележат како „здрави“. Исто, и водата беше неподобна.
Според досегашните аршини, произведувачите можеа да ги етикетираат продуктите како „здрави“ само врз основа на пропишаните минимални и максимални дози на некои елементи во нив. „Здравата“ храна имаше универзален дозволен максимум на заситени масти, вкупна масленост, холестерол и натриум, притоа мораше да има барем 10% од препорачаната дневна доза витамин А, витамин Ц, калциум, железо, протеин и хранливи влакна.
Ова дозволуваше храна со еден куп шеќери, како јогурт и корнфлекс, да пројде како „здрава“, бидејќи се држи до пропишаниот максимум, ама, од друга страна, јатките не беа здрави затоа што имале премногу заситени масти.
Сега правилата се флексибилни во однос на целокупниот состав на производот па на производите на база на масло им е дозволен поголем максимуим заситени масти, во однос на оние на база на зеленчук.
По ново:
„Храната е здрава доколку содржи значителна количина од барем една од препорачаните групи или подгрупи на храна. Дополнително, важат и специфичните ограничувања за извесни елементи како заситени масти, натриум и шеќер.“
Додека не го сменат, тоа е „здраво“.
Упатените сметаат дека промената ќе има позитивен но минорен ефект на состојбите, додавајќи дека можеби е подобро да се одбележува штетната отколку да се етикетира здравата храна.
Во врска со исхраната, Американците негде дебело грешат: oд 2018 до сега, бројот на гојазни таму се има дуплирано a 75% од возрасните недоволно јадат овошје, зеленчук и млечни производи.