Твоето органско млеко може и да не е органско

Еден од условите за американските органски млекари е на кравите да им биде дозволено секојдневно да пасат (во сезона на растење) - односно да бидат хранети со трева и да не бидат затворени во штали. Во земја во која органскиот пазар годишно вреди 40 милијарди долари излезе дека ова е речиси неизводливо.

Како дел од својата истрага околу органското млеко Вашингтон пост оди во Аурора хај плејнс комплексот во сопственост на Аурора органската млекара еден од најголемите производители на органско млеко во САД. Во комплексот има околу 15.000 крави, што е над 100 пати повеќе отколку големината на типично стадо со органски крави.

Иако Аурора тврди дека нејзините крави се цело време на пасишта, за време на 8-те дена додека екипата на Вашингтон пост е таму, на пасиштата во ниту еден момент немало повеќе од неколку стотини крави.

Додека портпаролката на Аурора објаснува дека тоа што се случило за време на посетата на ВП е аномалија, тестирањата спроведени на Вирџинија теч, по барање на ВП, покажеле дека кравите најверојатно не паселе трева, и дека нивното млеко (што се продава како органско) одговара на обичното млеко, а не на органско.

Кога ВП ги контактираат ветеринарните инспектори кои го даваат печатот "УСДА органик", излегува дека тие не биле во најдобра позиција да проценат како е хранета стоката. Годишната инспекција била спроведена во ноември, по завршување на сезоната за пасење, што значи дека тие никако немале увид дали говедата се хранеле како што е пропишано.

Остатокот од истрагата тука: