Во анкетата 70% одговориле дека се согласни дека обележјата на храната се безначајни, ама и покрај ова 37% изјавиле дека сепак "веруваат" во намерата на обележјето. Исто така 59% изјавиле дека се загрижени за ГМО, ама само 32% можеле да идентификуваат што е ГМО.
"Она што гледаме во продавниците за прехранбени производи е дека потрошувачите во основа се идеалисти. Тие бараат искреност. Тие сакаат да веруваат. Тие им веруваат на налепниците, и се подготвени да платат повеќе само затоа што нешто е 'природно' иако не разбираат што тоа точно значи," објаснува Кевин Миниј, ЦЕО-то на БФГ, агенцијата која ја спроведе студијата.
Неколку големи синџири на продавници за храна како Хол Фудс и Трејдерс Џо беа или се уште се на суд заради честото користење на обележјата "природно" и "органско" на производи со сомнителен квалитет. Во САД, Агенцијата за храна и лекови ги регулира овие термини, ама премногу општо.
Според Миниј, со тек на време целата галама околу органско и природно ќе избледее во корист на обележја кои ја кажуваат вистината: "Оние брендови кои навистина имаат некаква разлика, и ако можат ова да им го комуницираат и докажат на потрошувачите, тие ќе стекнат значителна предност."