Новинарка која пишува за Салон и Слејт и ко-авторка на книга за Јоко Оно, дава совет за нешто што никогаш не ни паднало на памет - да читаш книга додека одиш низ град.
Нел Берам ја добила инспирацијата од пријателка, новинарка од рубрика за храна и рецепти, која рутински читала додека одела од дома до работа и назад, без притоа да се удира во бандери и во други луѓе.
За некој кој како Нел секојдневно минувал по еден час пешки во еден правец ова звучело како добра идеја, бидејќи по неколку години да минуваш најмалку два часа дневно со сопствените мисли станало премногу. Еве некои од работите што таа ги научила додека (успешно) се обидувала да чита по пат:
- Не читајте додека минувате улица (ова некако се подразбира, ама сепак)
- Не читајте списанија, фонтот често знае да биде мал, плус списанијата лесно се превиткуваат на ветар
- Идеални се книги со тврди корици, но со мал број на страници за да можат да се држат со една рака (другата да е слободна за да се грее во џеб или да се носи нешто во неа)
- Не е баш за препорачување, ама Нел подебелите книги во мек повез си ги двоела (кинела) таман толку колку што можела да носи со себе. Притоа загубила неколку страници, и крајот решила да го чита седечки
- Читањето по мраз, снег и ноќе не се препорачува. Може да ставиш онаква светилка на книгата, ама делува малку тину-нину
Секако, многумина ù рекле да си земе е-читач и со тоа да ги надмине проблемите на тежината и на светлоста, ама Нел си е малку како нас, тврдоглава. Плус, со ваквото читање дур одиш таа си пресметала дека добива два часа дневно осмислена активност гратис, како денот да има не 24 туку 26 часа. Така се добива чувство дека се победува системот. Кој систем? Па оној, што го мери (и главно крати) времето, особено она за читање.
Алтернатива на пазење дур читаш и одиш во услови на скопски сообраќај - платен водич: