За време на доделувањето на AVN (Аdult Video News) Awards, порно еквивалентот на Оскар, неколкумина актери од филмската индустрија за возрасни биле запрашани како би инвестирале 10,000 долари. Можеби и не се некои големи пари, но доволно за да се види нивната логика. А таа ја отсликува честата грешка којашто се прави при инвестирање: претпоставката дека ако некоја компанија во моментот стои добро, тоа автоматски значи дека и нејзините акции се вредни за купување.
Еве неколку од нивните мислења:
Џеси Џејн:
„Епл. Компанијата секогаш измислува нова технологија, сите сакаат и ќе сакаат да ја имаат, и затоа нејзините акции секогаш ќе растат".
Аника Олбрајт:
„Јас сум голем фан на биотехнологија, па се' што изгледа дека е добро за иднината и за здравјето на луѓето мене ми изгледа добро".
Кели Шибари:
„Тесла, апсолутно. Тоа е одлична компанија. Зелена е. Автомобилот им е со пристапна цена. Мислам дека тоа е навистина добра идеја"
Таша Реин:
„Да имав 10 илјади долари да инвестирам во компанија...Мислам дека би инвестирала во Убер (нешто како такси компанија која функционира преку смартфон апликација) - затоа што ја користам и затоа што порно заедницата е опседната со неа, исто и ЛА и Њујорк. Или можеби во мојот омилен ресторан Чипотл".
Сите овие порно ѕвезди имаат чувство како функционира бизнисот, и ги привлекуваат работи како раст и иновација. Сепак, тие не земаат предвид дека таквата проценка на растот е веќе вградена во цената на акцијата. Освен тоа, дури и ако некоја компанија прави добар производ, ако таа го продава премногу скапо, тогаш купувањето на нејзините акции не се исплати.
Ветеранот Рон Џереми сепак има добар увид во бизнисот со недвижнини:
„Имам неколку апартмани и сите поскапеа. Во меѓувреме имаше голем број економски проблеми со недвижнини, но не е работата да запреш сред трка. Сега сè слегна, и апартманите носат многу пари. Тоа е во моментов најдоброто место за инвестиции. А забавата е најлошото".
Џереми, за разлика од голем борј инвеститори, покажал издржливост и не го продал имотот за евтино. Инвеститорите имаат тенденција да купуваат скапо во текот на општи мании и да продаваат евтино во тек на колективна паника. Ова e сигурна стратегија на губење пари, но потребна е силна дисциплина да се одолее на искушението и стравот.
Или пак да се има добар финансиски советник, каков што би зела Џесика Дрејк.
Кога сме веќе на темава, тука добитниците на овогодинешните порно-Оскари. Важно (за нељубители на жанрот): има категорија Best Non-Sex Performance, како и „Најлуциден наслов на годината".