Алибаба и неговиот главен разбојник

Алибаба навистина е монструм од компанија. Во мал стан во 1999-та година ја има основано Џек Ма, еден чуден гениј кој денеска тежи преку 8 милијарди долари. На таа тема. 

* За Алибаба работат 24.000 луѓе. Пoвеќе од вработените во Фејсбук и Јаху заедно.

* Целата вредност на Јаху е поврзана со Алибаба (Јаху има 24% во компанијата). Акциите на Јаху во Алибаба вредат 30 милиради долари, а вкупната вредност на Јаху е проценета на 39 милијарди.

* Во 2013-та, два вебсајта на Алибаба генерираа продажба од 240 милијарди долари. Тоа е двојно повеќе од Амазон и тројно повеќе од Ибеј.

* Берзантската вредност на Алибаба е поголема од Фејсбук. ИПО-то на Фејсбук ја процени на 104 милијарди, а според Блумберг, Алибаба тежи меѓу 153 и 200 милијарди долари.

* За само една и пол година, Алибаба купила други фирми во вредност од 3,6 милијарди долари.

* Домашниот успех на Алибаба се должи на фактот дека во кинеските пребарувачи, не ви се листаат резултати од Алибаба со што се тераат корисниците да пребаруваат во самите виртуелни дуќани.

* Алибаба има уикатен начин на плаќање. Набавувачот ги добива парите дури откако производот ќе биде примен а купувачот задоволен.

* Годишните забави на вработените во Алибаба се организираат на стадион. Основачот Џек Ма не пропушта прилика да им запее на своите луѓе, и тоа облечен вака:

За суштината да не се предаваш: Денеска е сурово. Утре ќе биде Уште посурово. Ама задутре ќе биде прекрасно.

За лошите денови на Алибаба: Ако не се предадеш, задржуваш некои шанси. А кога си мал, мора да се потпреш на својот мозок а не на силата.

За потребата од тимска работа: Ако сме тим и ако знаеме што сакаме, никој не може да нè победи.


За неуспесите:
Не е важно ако не успееш. Си го покажал концептот на другите. Ако ти не успееш, ќе успее некој друг .

За работата: Ако на работа доаѓаме во 8 а си одиме во 5, тогаш Алибаба не е хај-тек компанија и никогаш нема да успее. Ако ни се работи од 8 до 5, тогаш треба да излеземе и да работиме нешто друго.

За конкуренцијата: Треба да учиш од конкурентите, не да ги копираш. Копирај и ќепропаднеш.

За отворање компанија: Ако денес сакаш да си голема компанија, треба да смислиш кој општествен проблем ќе реши таа.

 

26 мај 2014 - 13:28