Сајтот Moviemaker има рубрика „Мудрости во среда" (Wednesday Wisdom), во која режисери од различни генерации ги споделуваат нивните режисерски препораки. Еве по пет од тројца од најголемите.
Џон Вотерс
1. Првата скица на твоето сценариот никогаш не треба да го прочита никој друг. Она што го нарекуваш „прва скица" всушност треба да биде трета, четврта, дури и десета.
2. Кога се обидуваш да го продадеш филмот, секогаш вклучи лажна рекламна кампања, за да изгледаш дека мислиш како човек со пари
3. Никогаш не ги мрази богатите. Сиромашните не се познати по вложување во филмови.
4. Ако можеш да добиеш NC-17 (забрана за гледање на филмот за деца под 17 години) без да употребиш секс или насилство, ќе бидеш наречен гение
5. Имањето секс со било кој од твоите глумци е лоша идеја - останатите од тимот се подобра идеја.
Вим Вендерс (пет од дури 50 негови совети)
1. Ако немаш што да кажеш, не се чувствувај обврзан да се преправаш дека имаш (ова важи и за книжевноста - наша заб.)
2. Пред да речеш „кат" почекај уште неколку секунди.
3. Помалку шминка е подобро.
4. Не адаптирај романи.
5. Секогаш запамти: континуитетот е преценет!
Џим Џармуш
1. Нема правила
2. Не дозволувај кретените да те навјасаат (а одбегнувај ги гребаторите по секоја цена)
3. Продукцијата постои за да му служи на филмот. ФИлмот не постои за да и служи на продукцијата.
4. Правењето филм е колаборативен процес. Добивате можност да работите со други, чии умови и идеи можеби се појаки од вашите.
5. Ништо не е оригинално.