„Меланија Трамп вели дека „дарови од природата“ можат да лечат болни деца“, троа пакосно пренесуваат медиумите од посетата на првата дама на една њујоршка педијатриска клиника.
“Страсно верувам дека вклучувањето на природните елементи во нашето секојдневние можат да создадат пријатна, позитивна и и здрава околина“, рекла Меланија пред насобраните стручњаци.
Нејзините забелешки за здравјето за децата доаѓаат сред обидите на нејзиниот сопруг да го укине системот на Обама (Affordable Care Act) со што би се укинала здравствената заштита за околу 13 милиони деца.
А после Меланија на болните дечиња од презветеријанската болница им читала им читала од сликовница во која случајно имало и елементи кои звучат баш биографски “You'll be famous as famous can be."
Ни крива ни должна, Меланија Трамп мора да се носи со фактот дека во Белата куќа влегува како една од најмалку саканите први дами досега, со 37% поддршка, за разлика од Мишел Обама, Лаура Буш или Хилари Клинтон кои стартуваа со над 55% симпатии во јавноста.