Кинески истражувачи веруваат дека нашле начин како да се губат килограми а тоа да нема врска со вежбање, внимавање што се јаде и колку се јаде. Според нив тајната да се јаде помалку лежи во чинијата и начинот на кој е распоредена храната во неа. Уште сега да се разбереме, глупо е.
Нова студија покажува дека мерните вредности кои се добиваат со алки-сензори за движење можат да се употребат за предвидување, со висока веројатност, на ризикот за морталитет, и тоа пет години пред настапување на смртта.
На почетокот на 20 век почнало да станува јасно како се шират заразните болести, и дека тоа меѓу другото може да се должи и на бакнувањето. Ова извадило од памет извесна Имоген Рехтин, која започнала кампања за забрана на бакнежите кои се разменувале како знак на пријателство, особено меѓу жените, но дури и на оние споделени во интимноста на спалната соба.
Мерењето температура стана дел од протоколите во текот на пандемијата, на влез на институции, авиони, училишта. Магичната бројка која одредува дали сте ок или не е 37 степени Целзиусови (98,5 по Фаренхајт). Од каде потекнува овој стандард и дали е воопшто релевантен денес?
Оние кои барем еднаш биле на нашиот традиционален фестивал во „Пепер“, секоја година во април, знаат колку забавно и креативно си поминуваме. За жал јубилејното, десетто издание, мораме да го одбележиме само онлајн. Но темата ни е соодветна.
Кога на пазарот излегуваат нови производи и услуги, заедно со тоа понекогаш се случува промена на парадигмата, не само во смисла на состав, дизајн и рекламирање, туку и во јазикот кој се користи за да се зборува за нив.
„Уметноста исцелува“ е филозофијата зад нова иницијатива на Монтреалскиот музеј на убави уметности, со која на докторите ќе им се овозможи да препишат посета на музеј наместо апчиња.
Поранешниот лекар на актуелниот американски претседател тврди дека луѓе од Белата куќа лани упаднале во неговата ординација и ја однеле целата документација за Трамп откако овој во медиуми откри дека со години му препишувал препарати за раст на коса.
За време на годишниот систематски преглед, на лично барање на Трамп направено е испитување на неговите когнитивни способности. Исто на негово барање и резултатите се објавени што е можно побрзо.
Ако веќе сте скршнале од стартната позиција дека сите диети се за избегнување, Британското диететско здружение уште од сега има список со диети кои веројатно ќе навалат во 2018 и кои по секоја цена треба да се избегнуваат. Ако не заради здрав разум, тогаш барем заради здравје.
Скоро сите се одвратни, и (без скоро) сите до еден не се магични како што ги продаваат, ама тоа никогаш до сега никого не пишманило. Исклучок од ова е последниот, кој во нормални количини, излезе дека стварно има магични својства.
Не ги пуштаме децата да играат во кал, ги давиме во антибактериски препарати, ги чуваме под стаклено ѕвоно. Тие пак развиваат алергии, астма и егземи. Аман, оставете ги раат нека се валкаат, повикува нова книга на темата.
„Верувам дека природните елементи можат да бидат инструменти во подобрувањето на здравјето и доброто на децата“, со сиот свој медицински и научен авторитет им порача најпознатата Словенка на група американски педијатри и пациенти.
Само колку да е јасно, кога мислиме на вода крај која е убаво да се живее не мислиме на Вардар, туку нешто почисто, посино и по можност поморско. Додуша експертите велат дека дури и една обична фонтана среде град прави разлика.
Прирачник во кој славниот американски поет се занимава со сè поврзано со машкоста, од потенција до „грижа за стапалата", е откриен неодамна, 150 години по неговото прво објавување под псевдоним.
"Пред некое време бев на забава на која петмина фраери си збореа за теретана, кардио и трицепси.... Поинтересни муабети за бебешки какања имам слушано од тоа".
Еден од четворица страсни и долгогодишни пушачи со голема сигурност ќе заболи од сериозна болест на белите дробови, е загрижувачката порака од едно данско истражување. Хеј, не цвикајте одма! Во наш превод, веста изгледа вака: од четворица пушачи, на тројца нема да им биде ништо.