Хронично опструктивната белодробна болест вклучува хроничен бронхитис и белодробен емфизем и е една од главните причини за смрт на светско ниво. Болеста започнува со кашлица, замор, губење на здив, проблеми со дишењето и завршува со комплетно уништување на белите дробови.
Во истражувањето учествувале околу 8.000 лица, чии здравствени статистики биле редовно пратени во период од 25 години. Резултатите од студијата покажале дека пушачите имаат 6 пати поголеми шанси да развијат ХОББ од непушачите. Ризикот од болеста значително се намалувал доколку испитаниците решеле да прекинат со пушење.
За време на истражувањето починале вкупно 2.900 лица од кои 109 биле жртви на ХОББ.
Болеста највеќе ги погодува "сериозните" пушачи на возраст над 40 години и за неа не постои лек. Докторите предупредуваат дека таа придонесува и за добивање пневмонија, срцеви заболувања и инфаркт.