На списокот на БДА (British Dietetic Association) за годинава се: сирова веганска диета, алкална диета, Кети Прајс диета со суплементи, Пиопи (или медитеранска) диета и кетогената диета. На секоја од диетите грб и чува некоја глобална (или барем британска) ѕвезда, и речиси редовно Гвинет Палтроу.
Сировата веганска диета инсистира на јадење на вегански незготвени производи. Во оваа група спаѓа сè што не е преработено, конзервирано или готвено на температура над 48 степени Целзиусови.
Нивната логика е дека топлината уништува дел од природните ензими во храната, заради што на телото му треба повеќе време за да ја разложи внесената храна. По иста основа тие веруваат дека се губат и сериозни хранливи материи.
Освен очигледните проблеми со оваа логика, нутриционистите прво на сите вегани им ги пренесуваат препораките од британските доктори, дека треба да внесуваат суплементи за витамините Д и Б12. Тие исто така потсетуваат дека топлината вади дел од хранливите материи во одредени јадења како пример морковот, или тоа дека јадења како компир не можат да бидат консумирани „живи“.
Алкалната диета се базира на теоријата дека можеш да го измениш ПХ балансот (нивото на киселост) на твојот организам и крвта преку храната што ја внесуваш, и тоа го промовираат „и покрај тоа што моментално нема издржани докази што би покажале дека ова е возможно“.
Поборниците на оваа диета тврдат дека високите нивоа на „вишок киселина“ во организмот придонесуваат до најразлични сериозни заболувања и пореметувања на органи во телото, па нивната препорака е внес на „алкална храна“, претежно овошје и зеленчук за коригирање на ова.
Ставот на британската организација Канцер рисрч, е дека иако јадењето повеќе овошје и зеленчук може да ти помогне да ослабеш (затоа што внесуваш повеќе калории), ПХ вредноста на храната не влијае на ПХ вредноста на твоето тело.
Кети Прајс диета со суплементи е дело на истоимениот гламур модел од првите денови на интернетот, и се базира на шејкови кои треба да бидат замена за појадок и најразлични оброци во текот на денот. Според официјалната веб-страна има и прашоци за тонирање мускули и нивно одржување, како и за намалување на грицкањето и јадење се и сешто во текот на денот.
Дури и да се тргне да на страна штетноста од потиснувањето апетит со најразлични прашоци, од БДА објаснуваат дека главниот проблем ќе настане во моментот кога луѓето ќе решат повторно да внесат јадење во својата исхрана. Друга препорака е оваа или која било диета што се базира на сличен принцип да биде водена само под надзор на доктор.
Пиопи (медитеранска) диета, препорачува исклучување на црвено месо, мноштвото јаглехидрати и благо.
Иако ја признаваат како здрав начин на исхрана, проблемот на БДА со оваа верзија на диетата е во исклучувањето на храната богата со јаглехидрати, појаснувајќи дека традиционалната Медитеранска диета обично вклучува паста или ориз со секој оброк.
Кетогената диета по своите принципи е нешто слична на претходната и промовира исхрана сиромашна со јаглехидрати, богата со масти и умерена со протеини. Потребата од јаглехидрати предвидува да се подмири со зеленчук без скроб, или со јатки и семки.
Целта на диетата е телото да се доведе до состојба на „кетоза“ кога заради недостатокот на гликоза од јаглехидрати, таа почнува да ги разлага наталожените масти за создавање енергија.
Прва опасност од диетава е кога луѓе ја држат затоа што веруваат дека таа некако лекува рак, што „апсолутно е неточно“. Втора опасност е дека во оваа диета се губат голем број хранливи влакна кои се исклучително важни за здравјето на цревата, а со отстранувањето на интегралните житарки телото се лишува од голем број витамини и минерали.
На крај, БДА дава сопствени препораки за слабеење.