Претходни истражувања имаат покажано дека сецкањето на храната може да помогне во губењето на вишок килограми, но оваа студија оди чекор понатаму па порачува дека важен и распоредот на тие мали парчиња. Демек, ако се оставаат празни места помеѓу нив, ќе имаме чувство дека јадеме повеќе отколку што вистински имаме пред нас па ќе бидеме сити и витки.
Трикот е што големината на порцијата најчесто го диктира оброкот, а не тоа колку луѓето реално се чувствуваат гладни или сити.
На учесниците им биле покажани неколку фотографии од 100-грамско чоколадо, на кои количината била поделена на 9 или 16 парчиња. На некои од сликите парчињата биле едно до друго, додека на други биле раштркани.
Иако на сите фотографии количината чоколадо била иста, учесниците добиле впечаток дека на оние со 16 парчиња има повеќе чоколадо отколку на другите. Биле во уште поголема заблуда кога коцките чоколадо биле распоредени низ чинијата.
41,9% од возрасните во САД имаат прекумерна тежина. Болестите поврзани со дебелина вклучуваат срцеви болести, мозочни удари, дијабетес тип 2 и одредени врсти на рак, што се некои од водечките причинители за прерана смрт.