Американскиот претседател тежи 108,5 кг. на висина од 190 сантиметри. Ако се прашува неговиот доктор, Трамп би било добро да ослабе 4,5 до 7 килограми.
Трамп и понатаму има висок холестерол за кој пие 10 милиграми Црестор, лекарство кое помага во намалување на холестеролот. Дневно зема и по еден аспирин заради подобро кардиоваскуларно здравје, користи крема против црвенило и пие мултивитамини.
Меѓу апчињата што ги пие секој ден е и Пропециа, која служи за спречување на ќелавост.
Докторот Рони Џексон кој го извршил прегледот, нагласува дека Трамп „изразито добро“ минал на когнитивните тестови.
Пулсот (на смирено) му е 68, а притисокот 122 со 74. Во однос на годините, тој имал и одлични резултати да испитувањата на кардиоваскуларниот систем. Една од забелешките на Џексон е дека Трамп не спиел доволно, со просек од 4,5 до 5 часа на вечер.
Со возраст од 71 година, Трамп е најстарото лице што некогаш било избрано за претседател на САД. Ова беше и причина дел од конгресмените да се сомневаат во неговото ментално здравје и капацитети.