Во 2014 излезе книга на околу 600 страници под наслов „Вернер Херцог: водич за збунети“, збирка интервјуа на Пол Кронин со режисерот на различни теми, полна со сеќавања, одрекувања, пцуење, трауми и триумфи. Светогледот на Херцог според коментар на Open Culture зрачи со „херојски песимизам“ кој како да е извлечен директно од германските романтичари. Еве неколку максими содржани во книгата - некои се специфични за филмските професионалци, но други се однесуваат општо, на животот. Да се читаат со неговиот мистичен глас.
1. Секогаш преземај иницијатива.
2. Нема ништо лошо во тоа да спиеш во затвор, ако тоа значи дека ќе го снимиш она што ти треба
3. Пушти ги сите кучиња надвор, и еднаш можеби ќе ти се вратат со плен
4. Никогаш не кенкај за твоите маки: очајот мора да се чува во себе, кратко.
5. Научи да живееш со грешките
6. Прошири го своето знаење и разбирање на музиката и литературата, стара и модерна.
7. Таа ролна со неекспониран целулоид кој го имаш во раката може да е последен на светот, па направи нешто импресивно со него.
8. Никогаш не постои оправдување за недовршување филм
9. Секогаш со себе носи клешти за арматура
10. Спротивстави се на институционалниот кукавичлук
11. Барај прошка, не дозвола
12. Земи ја судбината во свои раце
13. Научи да ја читаш внатрешната суштина на пејзажот
14. Запали оган внатре и истражи непозната територија
15. Оди напред, никогаш не заобиколувај
16. Маневрирај и оди во погрешна насока, но секогаш завршувај ја работата
17. Не се плаши од тоа да бидеш отфрлен
18. Развивај свој специфичен глас
19. Првиот ден е денот после кој нема враќање
20. Да паднеш по предметот филмска теорија е за фалење
21. Случајноста е извор на животот на кинематографијата
22. Герила тактика е најдобра
23. Ако треба одмазди се
24. Навикни се на мечката зад тебе.
Види претходно и: „Кога Херцог одеше пешки од Минхен до Париз“