Таг: Вернер Херцог

„Секој за себе, а Бог против сите“: нов мемоар на Вернер Херцог

Пред нешто повеќе од една година пишувавме за дебитантскиот роман на Венер Херцог, „Светот на самракот“, посветен на јапонскиот војник кој 30 години не признавал капитулација по завршувањето на Втората светска војна. Сега славниот режисер има нова книга, овој пат мемоар, под интересен наслов, со уште поинтересни анегдоти кои и да се измислени вредат суво злато.

Бесконечна дискусија помеѓу Вернер Херцог и Славој Жижек генерирана од вештачка интелигенција

Во моментов станува прилично евтино и лесно да се продуцира содржина генерирана од AI. Толку евтино и лесно што е прашање дали ова што го читате е напишано од човек или од машина. Единствено што нè држи убедени дека сепак сме првото, е болката во кичма од цел ден дремење на тастатура.

Koга Вернер Херцог му го спаси животот на Хоакин Феникс

Звучи како урбана легенда, но не само што ја има на Википедија страницата на оскаровецот, туку ја потврдил и самиот Херцог. Сепак, надреално.

„Навикни се на мечката зад тебе“: 24 филмски и животни совети од Вернер Херцог

Бескомпромисен, арогантен, откачен. Сè што може да се очекува од славен режисер, кој не се плаши да си го ризикува и животот за да снима во дождовните шуми на Амазон или на Антарктикот. Ако треба (за потребите на „Фицкералдо“) и да пренесе цел брод преку планина, среде перуанска џунгла. Е, тој нешто да ви каже.

Новиот документарец на Вернер Херцог е за - вулкани

Откако нè запозна со човекот-гризли, нè прошета низ пештерата на заборавените соништа, поживеавме со среќните луѓе во тајгата и ги испитавме егзистенцијалните влијанија на интернет врз нашите животи, сега е на ред Херцог да нè внесе и во вулкан. Со оглед на довербата којашто до сега не ни ја изиграл, изгледа дека и овој пат ќе му се препуштиме.

Нов документарец на Херцог за луѓето кои се плашат од интернет

На Херцог, заради сиот досегашен кредит, но најмногу заради спокојниот глас и тешкиот германски акцент, однапред му веруваме, дури и кога би направил документарец за ланскиот снег. Но темава е сепак малку поинтересна.

Кога Херцог одеше пешки од Минхен до Париз

Соочен со вестите дека неговата филмска менторка и пријателка Лоте Ајснер е тешко болна и хоспитализирана во Париз, славниот германски режисер во ноември 1974 одлучил да направи еден симболички гест - да појде пешки да ја види, како жртва во име на нејзиното спасување. 

Вернер Херцог во тажен филм за пластична ќеса

Ја знаете сцената во „Американска убавина", во која летањето на една пластична ќеса на ветерот треба да ја симболизира бесмисленоста на животот. Оваа пак приказна е раскажана од аспект на една слична (жолта) ќеса, и тоа со глас кој не остава рамнодушен. На крај може ќе пуштите и солза.

Која била Гертруда Бел?

На тековниот Берлински филмски фестивал Вернер Херцог го промовираше својот филм, прв во неговата кариера кој е посветен на една - жена. „Кралицата на пустината“ поседувала неверојатна мешавина на желба за опасна авантура, научни интереси и сочувството за луѓето, а сето тоа зачинето со женски шарм и талент за задкулисни игри.

Човекот кој си го изеде чевелот

Вернер Херцог е еден од најзастапените ликови на овој сајт, и тоа со добра причина. Тој не само што одличен режисер, туку е и интересен како човек. Ретко се среќава извикан интелектуалец кој би си останал на зборот, и би го сторил она што го има направено Херцог.

Баталете мобилните дур возите

„Од една секунда до друга" е нов документарец на Вернер Херцог, посветен на проблемот на пишувањето пораки во текот на возењето. Ако некогаш сте си го дозволиле тоа, после видеово сигурно веќе нема да ви текне такво нешто. И не треба.