Горниот извадок е предупредување до младите Французи содржано во „Книгата без наслов“ од 1830. Во тоа време играњето со сам себе од страна на моралистите и докторите се сметало за болест која води до рана смрт. Или барем кога станува збор за мажите, бидејќи жени никаде не се споменуваат, или затоа што не можело да се замисли тие да уживаат сами со себе (и воопшто да уживаат), или затоа што на некој магичен начин се имуни на страшните последици.
И ова не било единственото издание со ваква содржина. И претходно, во 1716, доктор Балтазар Бекер објавил памфлет за овој „опасен грев“ на самозагадување под наслов „Онанија“, во кој вели дека „самоискористувањето“ би можело да доведе до:
- вознемирување на стомакот и варењето;
- губење на апетит, или обратно, преголем глад;
- повраќање, вртоглавица;
- кашлање, болки во кичма, бледило, мозолчиња;
- ретардација, епилепсија, треска и
- самоубиство
И други негови колеги тврделе дека со залудно „фрлање“ на семето момчињата си ја намалуваат меморијата, па дури и разумот, стануваат посклони кон ревматизам и имаат намален вид. Не станува збор за некакви радикални верници ниту пак за шарлатани во областа на медицината, туку за еминентни научници во времето на просветителството. Ваквите ставови биле толку длабоко вкоренети, што преживеале до 19 век, и споменатата „Книга без наслов: посветена на младите мажи и нивните родители“.
За работите да бидат појасни, таа е илустрирана со морничави портрети на „заблудените“. Можеби ова се всушност визионерски предвидувања на она што ќе го направи порното од младите души во време на интернет. Така веќе делуваат малку пореално.
Ќелавост и предвремено стареење
Опаѓање на забите
Генерална малаксаност, депресија, подгрбавеност