Неместо да се спреми за во школо Питер на 13 октомври ја спакувал торбата на која му пишува Челси и отпатувал за Лондон да го гледа за прв пат во живо Челси и Тибо Куртоа.
Во неа ги ставил сите предмети и реквизити со надеж дека можеби ќе добие автограм на нив од својот идол, нешто за што сонувал неколку години.
„Дома само се насмеавме без да му кажеме што мислиме за неговиот сон кој е премногу голем и можеби малку нереален. Син ми наполни 10 години и ми рече дека единственото нешто за роденден е да го гледа Челси во живо и да се сретне со Куртоа“, вели мајка му Кетрин.
Ова била нивна втора посета на Лондон. Претходно биле на Стемфорд Бриџ во 2015-та, но тогаш не начекале натпревар и биле само на туристичко разгледување на стадионот. Мајкл тогаш купил дрес и шорцеви од Куртоа и од тогаш не ги соблекува три години.
„Со нив е по цел ден и не ги соблекува каде и да оди. Луѓето почнаа да ме прашуваат дали има друга облека. Стана фан на Куртоа откако го видел како им ги подарува дресовите на навивачите. Вели дека му се допаѓа начинот на размислување, како и неговите убави гестови. Три години брани со дресот на Куртоа и многу луѓе кога го гледаат како брани почнаа да го викаат по голманот на Челси“.
Питер со родителите пристигнал на Селхерст Парк каде Челси му гостувал на Кристал Палас и тоа со банер кој го смислила мајка му. На едната слика е Мајкл со фотографија од 2015-та, а на другата Куртоа си идентична интервенција која ја нашол Мајкл на интернет. На банерот пишува „4.417 миљи (7.108 км) за да го видам Куртоа“.
„Решив дека ќе се обидам да му помогнам на син ми и ќе сторам сè за да го сретне Куртоа. Откако резервиравме авионски карти, добив идеја да направам нешто по што ќе бидеме видени на стадион. Малку имагинација и креативност, а потоа долг пат за да го исполнам неговиот сон“.
Додека траело загревањето Куртоа го забележам банерот и се стрчал да го поздрави семејството. Тие го прашале за фотографија, а тој веднаш прифатил.
„Искрено останав без зборови и ми потекоа солзи. Тоа беше прекрасен момент. Никогаш не очекував дека тоа може да се случи. Тој беше мил и апсолутно прекрасен и сите бевме изненадени што така лесно дојде и се сликаше со Мајкл. Потоа ни кажа дека ќе се врати и ќе му го даде дресот, уште една неверојатна работа за нас. Кога Челси го загуби мечот, син ми беше загрижен дека тоа нема да се случи, но тој го исполни ветувањето“.„Куртоа ми го стопли срцето и на мене и на син ми. Тоа беше тешка година за Мајкл бидејќи тој мораше да се пресели во друго школо за што му беше многу тешко, плус имавме и два смртни случаи во фамилија. Моментот со дресот не случи во најдоброто можно време. Често се навраќа на тоа, а тој ден после натпреварот кога се вративме во хотел го гушна дресот, го бакна и го закачи на телевизорот во соба“.
Мајкл сега се надева дека еден ден ќе се врати во Лондон и дека можеби ќе му се исполни следниот сон да тренира со Куртоа. Знаејќи каков човек е белгијскиот голман, можеби и овој сон не е нереален.
„Секогаш се обидувам да прават добри дела за децата. Не е секогаш тоа возможно се разбира, но знам како е да се биде ценет и идол некому. Порано бев собирач на топки во Генк и репрезентацијата кој бараше автограми, дресови и ракавици. Затоа знам како им е. Преферирам да им ги давам дресовите на децата кои се полни со соништа, отколку на возрасните кои потоа ги продаваат на Ибеј. За новогодишната ноќ отпатував во Белгија за да посетам 8 годишно момче кое се бори со леукемија. Кога ќе видите колку се среќни кога им даваме дресови ќе сфатите зошто го правиме ова“, вели голманот на Челси.