Кебапчилницата се вика Али Баба Ќебап, а газда е Турчинот Дениз кој бил навивач на Бешикташ, додека брат му е следбеник на Фенербахче, па постои голем ривалитет кога се гледа турска лига во овој локал.
Кај Дениз на кебап доаѓале многу познати фудбалери, посебно оние од РБ Лајпциг па тој е горд со колекцијата фотографии во кебапчилницата:
Најредовен муштерија му бил Тимо Вернер кој најчесто го има на слика со Дениз. Ѕвездата на германскиот фудбал кој проаѓа низ голгетерска криза и кој се посрамоти за наша среќа на мечот со Македонија при резултат 1:1, обично кај Дениз јадел донер-кебап.
Интересно, еднаш во 2017-та кога РБ Лајпциг играл со Бешикташ во Лига на шампиони, после мечот Вернер дошол во својата омилена кебапчилница и таму сретнал десетина навивачи на Бешикташ кои го следеле мечот кој турскиот тим го добил.
Тимо кој сега го води нападот на Челси кај тренерот Томас Тухел во Премиер лига, еднаш раскажал дека во Штутгарт каде ја почнал кариерата, редовно им служеле кебап за ручек, ама дека во Лајпциг после приказната била друга и немале таква исхрана.
Кај Али Баба на кебаб доаѓале често и тренерите на Лајпциг Ралф Хазенхотл и Ралф Рањик. Актуелниот тренер Јулиан Нагелсман уште не дошол, барем го немало на фотографии со Дениз.
А чест гостин е и еден од најдобрите германски фудбалери на денешницата, Јозуа Кимих кој пред да дојде во Баерн Минхен играше за РБ Лајпциг во трета и втора германска лига. Дениз се сеќава дека Кимих со точак доаѓал пред тренинг да јаде донер кебаб.