Минатото лето и помогна на Германија да го освои Купот на Конфедеации откако даде три гола. Во последните шест месеци за него активно се интересирал Реал Мадрид.
***
Необично, пред повеќе од пет години Тимо сакал да го батали фудбалот. Дал 24 гола за јуниорскиот состав на родниот Штутгарт (U-17), ја однел екипата во финалето на младинската бундеслига и мечтаел за титула. Но на главниот меч изгубиле 0:2 и трофејот останал во Берлин.
Вернер бил многу тажен. Две недели не станувал од кревет и не му се јадело: „Не сакав да имам веќе ништо со фудбалот. Бев изморен од спорт“. Но почнала нова сезона, и Вернер се вратил на тренинзите - без нив тој се чувствувал лошо.
Тимо го носи презимето од мајка му затоа што неговите родители не биле ниту венчани ниту се земале. Татко му - Гинтер Шух играл фудбал на полу-професионално ниво а потоа станал тренер. Во слободно време го тренирал и син му којшто секогаш бил меѓу најдобрите стрелци во детските категории на Штутгарт. На тринаесет години Вернер почнал да тренира со поголемите деца: со врсниците веќе не му било интересно.
***
На четиринаесет години Тимо Вернер го викнале во јуниорската репрезентација на Германија, и на дебитантскиот меч со Полска постигнал хет-трик!
После шест месеци дал 21 гол за младинските репрезентации и добил златен медал Фриц Валтер U-17 којшто го доделуваат на најдобриот млад фубдалер на Германија. Пред Вернер ова злато го добивале например Марио Гец, Леон Горетцка, Емре Џан...
За условите на Тимо најдобро се грижел татко му. Тој до последен час го возел Вернер во школо, одел со него на тренинг и го учел за животот. Образованието не му било приоритетно, но Тимо немал слаби оцени ниту кога почнал да тренира со првиот тим:
„Штутгарт потпиша договор со мене до крајот на средното школо. Можев да се посветам само на удбалот, но мајка ми сакаше да имам високо образование. Тоа беше разумно. Сега сум горд што не и терав инает“, раскажува Вернер за германските новинари.
Тој е идеална слика за правилно однесување - не пие алкохол, не сака вечери до доцна по рестораните и клубовите а најмногу сакал да јаде поховани стекови кои ги прави мајка му.
***
Тимо постојано поставувал рекорди. Уште како јуниор дебитант во родниот Штутгарт. Стана најмлад стрелец за првиот тим. Најмлад стрелец на два гола во историјата на бундеслигата. Тренерот Томас Шнајдер бил воодушевен: „Тимо е чистокрвен напаѓач кој ме потсеќа на воз кој брза кон голот. На сето тоа плус е неверојатно бистар“.
За три сезони во Штутгарт, Тимо постигнал 14 гола и го привлекол Тотенхем. Во 2015-та Маурисио Почетино и кажал на управата дека мора да го има Вернер во тимот но клубовите не се договориле.
Кога Штутгарт испадна од Бундеслигата, Тимо потпишал договор со богатиот Лајпциг - најомразениот клуб во Германија којшто тогаш влезе во елитата.
***
Полусезоната 2016/2017 покажала дека Лајпциг е иделна екипа за него: го бркаа Баерн за титулата и го совладаа Дортмунд којшто беше четврт. До февруари Тимо дал 10 гола а тренерот Ралф Хазенхотел се расфрлал со комплименти: „Вернер е сјајен играч. Однапред знае каде ќе оди топката и прави се за да го искористи слободниот простор. Тимо е најдобар напаѓач во Бундеслигата“.
После паузата Тимо дал уште 11 гола и станал четврти стрелец во лигата, зад Модест, Левандовски и Обамејанг.
Тренерот Хазенхотл се обидел да експериментира и го ставил на крило. Во Штутгарт Тимо веќе играл како класичен шпиц и често не можел да ја исползува својата космичка брзина - 100 метри за 11,1 секунди. И во Лајпциг го завикале Турбо-Тимо.
„Одамна го знам него, уште од деството. Секогаш беше талент и ја покажа својата класа“, вели Јозуа Кимих од Баерн Минхен.
Самиот Вернер вели: „Вистина е дека сум нов тип на напаѓач. Ако гледате како се развиваше фудбалот после Светското 2010, ќе видите дека многу екипи практично се откажаа од класичен центарфор. Класата играчи со такви предиспозиции се околу 2. Среќа што репрезентацијата на Германија има многу креативни играчи од средниот ред - па се прашувам ќе има ли и за мене место“, вели Тимо.
И покрај тоа што даде 21 гол во Бундеслигата, Тимо е скромен: „Еднаш еден обичен навивач на Лајпциг побара дали може да му го дадам бројот и јас му заѕвонив. Сега одвреме-навреме се слушаме или си праќаме смс пораки за натпреварите. Познатите луѓе обично не се јавуваат на непознати броеви, но не и јас. Не се сметам за ѕвезда“, додава најдобриот германски центарфор.
И среќа што се јавува на непознати броеви затоа што еднаш после тренинг му ѕвонел непознат број и кога се јавил слушнал дека го бара Јоаким Лев. Тогаш го добил првиот повик за репрезентација.
„Бев зад воланот и веднаш застанав на страна - да направам хаварија во таква ситуација би било лошо. После разговорот просто седев уште неколку минути. Инаку веројатно би изгубил контрола и би излетол од патот“, се сеќава Вернер.
***
Дебито за репрезентацијата го имаше на пријателската против Англија. После три месеци Лев го стави Тимо Вернер централен шпиц на Купот на Конфедерации во Русија а во адаптацијата му помагал Томас Шнајдер кој работел со него на почеток на кариерата во Штутгарт и пред неколку години станал помошник тренер во репрезентацијата.
Во Русија Вернер стана прв стрелец: 3 гола и 2 асистенции.
***
Работна навика Тимо стекнал од детството. Му помагал на татко му во семејните виногради надвор од градот. Секогаш стигнувал прв во школо и на тренинг. А со татко му на лето одел по шумите. Откако Клосе и Подолски заминаа од репрезентацијата, во Германија нема сомнеж: нив ќе ги замени Вернер. Ројс постојано се лекува, Милер дава се помалку голови, Сандро Вагнер полни 30 години а Марио Гомез има 32.
„Во следните 10 години лидер на нападот на германската репрезентација ќе биде Вернер“, вели Марио Гомез од Волфсбург.
Тимо најмногу му верува на селекторот Лев којшто го поддржал во најтешкиот период. Минатата сезона напаѓачот изглуми во шеснаесетникот на Шалке и судијата свирна непостоечки пенал. Цела Германија покарј што го мрази Лајпциг, го замрази и Тимо. Но тој си ја признал грешката и се извинил.
„Допусти грешка и призна дека беше крив. Зборуваме за многу млад играч. Фудбалер којшто игра за репрезентација и на стартот на кариерата дал 21 гол за една сезона во Бундеслига не треба да биде исврикуван. Тоа е просто не е нормално“, рекол Лев лани.
Сезонава Тимо Вернер продолжува да растура. Веќе има 8 гола на 13 меча во првенството, 3 во Лига на шампуони и 4 за репрезентацијата. Ако така продолжи, следното лето сигурно ќе премине во Баерн или Реал Мадрид. За таква варијанта одамна мечтае Јуп Хајнкес, легендата и тренер на Баварците.
Срамнта глума постепено е заборавена, а Вернер добива се повеќе на самодоверба. Наскоро сите ќе знаат за него.