Лидс го тресна Челси, почетничка грешка на Адарабијо
Лидс Јунајтед како 17-то пласиран, го изненади четвртопласираниот Челси со триумф од 3:1. Убав гол даде Јапонецот Ао Танака, а неодбранливо ја заби и Словенецот Јака Биол со глава. Голем кикс во одбрана на Тосин Адарабијо, кој буквално им го поклони третиот гол.