Мизерија на Челси незапаметена од 1912 година

Актуелниот светски првак лани во финале го растури силниот ПСЖ со 3:0 во рок од 20 минути, а сега не може гол да даде. Статистиката која излезе е нестварна.

Челси го освои трофејот на Светското клупско првенство пред само 283 дена, а сега е во толку лоша серија, која последен пат е видена во годината кога потонал Титаник.

Загубија од Њукасл (0:1), Евертон (0:3), Манчестер Сити (0:3), Манчестер Јунајтед (0:1) и синоќа како капак на се и од Брајтон (0:3).

Тоа е серија од пет порази по ред и тоа без постигнал гол, која претходно ја имале, пред замислете, 114 години.

Имаат 48 бода и се на седма позиција, исто колку што имаат Брентфорд и Борнмут на осма и деветта позиција. Потоа следуваат Евертон со 47 бода, како и Сандерленд (46) и Фулам (45). Сите овие екипи имаат натпревар помалку. 

Од место кое води во Лига на шампиони, избраниците на Лијам Росениор сега ризикуваат да останат без пласман во ниту едно европско натпреварување.

Последниот гол во Премиер лига го постигнале на 4 март против Астон Вила која ја добија 1:4.

22 април 2026 - 12:48