Апсурдната ситуација која ја создаде Челси се случи во 64 минути при водство од 4:0.
Топката беше во рацете на Палмер, но дојде до мешаница во која се најдоа Нони Мадуеке и Николас Џексон кои се обидоа да му ја земат.
Покетино фино ги подбра играчите после мечот и изјави дека сите ќе летаат надвор ако се повтори вакво нешто. Воедно потврди дека за изведувач на пеналите е назначен Палмер.
„Прво, сакам да биде јасно нешто што играчите го знаат, како и стручниот штаб дека изведувач на пеналите е Кол Палмер. Многу сум вознемирен поради оваа ситуација. Зборувавме во соблекувалната за сликата што ја испраќаме затоа што ова е понеделнички ноќен натпревар и во секоја земја го гледаа натпреварот.
Не можеме да испратиме ваков тип на слика. Срамота е и сакам да им се извинам на луѓето што следат фудбал и на нашите навивачи бидејќи тоа е неприфатливо. Им кажав дека ова е последен пат да прифаќам вакво однесување. Сите се вклучени во оваа ситуација, ако се повтори следен пат сите ќе одите надвор. Ова не е шега. Треба да гледаме повеќе да размислуваме колективно отколку да размислуваме за индивидуални достигнувања“, изјави стратегот на Челси.
Инаку Кол Палмер има 9/9 од 11 метри и е на само два гола до најдолгата серија во историјата на Премиер лигата која ја има Јаја Туре со 11 прецизни пенали по ред.
this is fucking embarrassing from both Noni Madueke and Nico Jackson https://t.co/gcI8JGsh82 pic.twitter.com/XLKKp7XWbG
— harry k. (@HarryKayNeezy) April 15, 2024