По лудите 3:3 меѓу Њукасл и Вест Хем пред само пет дена, Челси и Манчестер Јунајтед приредија нова драмолетка во 30. коло од Премиер лигата.
Паднаа 7 комада, а на крај се радуваше Челси со триумф од 4:3 и тоа со два гола на Кол Палмер во 100-та и 101-ва минута.
Трилер битката во дербито го одбележаа два пресврти. По 19 минути игра Челси имаше 2:0 со головите на Галагер и Палмер од пенал.
И кога се чинеше дека тимот на Тен Хаг ќе се соочи со дебакл, се вратија експресно со два гола во рок од 5 минути за 2:2, стрелци Гарначо и Фернандеш во 34 и 39 минута.
Првиот дел со 4 гола беше само увертира на лудото сценарио кое никој не можеше да го предвиди. Во 67-та минута Гарначо постигна нов гол и го сврте Јунајтед на 2:3.
Длабоко во продолжението, кога се чинеше дека мечот е решен, Челси го изрежира еден од најлудите пресврти во историјата на Премиер лигата.
Најпрвин Далот несмасно одигра во одбрана во дуел со Мадуеке и Челси доби втор пенал на мечот кој го реализираше Палмер.
Во следната минута на гостите им се помрачи, откако истиот играч повторно го совлада Онана за делириум на трибините и очај на Црвените ѓаволи.
99:17 - Manchester United were leading in this game at 99:17, the latest a side has ever led in a Premier League match they’ve gone on to lose. Collapse. pic.twitter.com/1DKFpBEmbG
— OptaJoe (@OptaJoe) April 4, 2024
Најлудиот трилер во Премиер лига сезонава