Иако има 21 година Кол Палмер руши се пред се, стана прв играч на Челси после Френк Пампард со 4 гола на еден меч, па дури и го стигна Халанд на листата на стрелци.
На последните два меча на Стемфорд Бриџ, Палмер постигна 7 гола и два хет-трика или ако сакате вака.
На последните четири меча дома постигна еден гол против Њукасл, 2 против Барнли, 3 против Манчестер Јунајтед, 4 против Евертон.
21 годишниот напаѓач кој летово ќе го гледаме на Европско во дресот на Англија, синоќа постави два клупски рекорди.
Го постигна најбрзиот хет-трик за само 16 минути (13`, 18` и 29` минута), четвртиот гол го даде второ и стана прв стрелец на 7 меча по ред на Стемфорд Бриџ.
Со неговите страшни бројки сезонава веќе влезе во статистики каде се наоѓаа легенди на клубот.
Палмер заедно со Дрогба се единствените двајца играчи на Челси со хет-трик на два меча по ред пред своите навивачи.
14 години немаше никој постигна 4 гола за Челси во Премиер лигата. Пред Палмер тоа го стори Лампард.
Сезонава има 25 гола и 13 асистенции на сите натпреварувања, а во Премиер лигата го стигна Халанд со 20 гола.
Cole Palmer is the first Chelsea player to score 20+ goals across all competitions since Eden Hazard in 2018/19.
— Squawka (@Squawka) April 15, 2024
And the first to do it in his debut season for the club since Diego Cost. 🧊 pic.twitter.com/Ore0ENCWFP
Милиони лапаат, за пенал се караат како мали деца
Малиот Палмер кој со хет-трик го разби Јунајтед е врвен пеналџија