Малиот Палмер кој со хет-трик го разби Јунајтед е врвен пеналџија

Во брдото астрономски скапи трансфери за кои потрошија повеќе од 1 милијарда евра, се испостави дека најдобро засилување за Челси е 21-годишниот Кол Палмер кој во септември 2023-та дојде од Манчестер Сити за огромни 47 милиони фунти. Палмер е дете од школата на Сити а сезонава е играч бр. 1 на Челси. Неочекувано.

Кол Палмер сезонава има дури 21 гол и 12 асистенции на 12 меча во сите натпреварувања (16 гола и 8 асистенции само во Премиер лига) и со тоа е еден од најдобрите играчи на Челси.

Универзалниот играч од нападот кој може да игра и како полушпиц и на крило и како шпиц сезонава веќе има 8 гола од 8 изведени пенали и тоа е најдобар резултат за играч на Челси уште од времето на Франк Лампард кој постигна 10/10 во сезоната 2009/2010.

Според статистичката страна Opta, само Јаја Туре (11/11) и Димитар Бербатов (9/9) имаат подолга успешна пенал серија од Палмер. Како него 8/8 има уште и врвниот шутер Рубен Невеш.

Кол Палмер во лудиот меч со Манчестер Јунајтед во средата вечер постигна три гола од кои два даде и од пенали. Со тие погодоци го надмна Жоржињо кој во 2020/2021 имаше седум успешно изведени пенали за Челси.

Англискиот репрезентативец кој речиси сигурно ќе игра на Европското првенство летово, сезонава постигна осум гола од осум изведени пенали против: Барнли, Арсенал, Тотенхем, Манчестер Сити, Фулам, Барнли и два пати против Манчестер Јунајтед.

Пред две недели кога Михаил Мудрик заработил пенал за Челси во дербито со Арсенал, тогаш Палмер уште не беше издвоен како прв пеналџија во тимот, па Рахим Стерлинг му ја зема топката од раце за тој да изведе. Но реагираше Аргентинецот Енцо Фернандез кој со еден гест му ја врати топката на врвниот пеналџија Палмер.

Овој го совлада Давид Раја и веќе никој не сомнева во неговиот суперталент за пенали.

А во март Стерлинг веќе му украде еден пенал на Палмер и тоа во Купот. Тогаш Енцо не играше а Стерлинг го промаши цел гол па се извинуваше на социјалните мрежи. Палмер подоцна против Барнли изведе храбра паненка и ги воодушеви сите.

Тој синоќа на 21 година и 334 дена стана и вториот најмлад стрелец на два гола од пенал на ист меч во Премиер лига. На помлада возраст два гола од пенал на еден ист натпревар дал само Марио Балотели (20 години и 138 дена) во декември 2010-та.

Притоа на Палмер не му се смета голот и во жестоката пенал серија со Њукасл во Купот кога прв извел и прв дал гол а Челси победил. И на времето во младинците на Сити имал 4/4 од пенал.

Лудачки ролеркостер на Стемфорд Бриџ, Манчестер Јунајтед загуби со голови во 100-та и 101-ва минута

5 април 2024 - 13:32