Група Ц
Грција - Брегот на Слоновата Коска 2:1
Самарис 42` Самарас 92` п - Бони 74`
Грција тргна фуриозно и прикажа многу офанзивна игра во Форталеза, а три пати ја погоди и пречката. Резултатот го отвори Самарис при крајот на првиот дел, а ремито за осминафинале на БСК стигна во 74 минута. Додека резервните играчи стоеа покрај аут линијата и се молеа судијата да означи крај, нивниот колега Сереј несмасно го фаулираше Самарас кој со удар од белата точка и донесе осминафинале на својата земја каде ќе се сретне со Коста Рика.
Јапонија - Колумбија 1:4
Оказаки 45` - Квадрадо 17` Мартинез 55` 82` Родригез 90`
По селекцијата на Холандија, до максимални 9 бодови во групната фаза стигна и Колумбија која со убедливи 4:1 ја демонстрираше силата против составот на Ѕакерони. Јапонците беа во игра само во првиот дел во кој по голот на Квадрадо од пенал во 17 минута, одговори Оказаки. Со двата гола на Џексон Мартинез и погодокот на Родригез во последните мигови, Колумбијците убедливо стигнаа до следната фаза,