Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска никако да најде мир во Париз. Откако на почетокот на годинава беше суспендиран на подолго од екипата поради вулгарни и навредливи коментари на сметка на тогашниот тренер Лоран Блан, Орие сега има мака со правосудните органи.
Судот во Париз пресудил 2-месечна казна затвор и 600 евра отштета на полицаецот кој Орие го повредил со лакт за време на еден инцидент во Париз кога фудбалерот требал да направи алко-тест.
И покрај пресудата, Орие ќе остане на слобода додека не се реши неговото барање, затоа што ја обжалил одлуката на обвинителот. Од таа причина ќе може да настапи на дуелот од Лигата на шампионите во среда против бугарскиот Лудогорец.
Повредениот полицаец земал слободен ден од работа за да се опорави од задобиените повреди. Орие го демантираше обвинението а во продолжение му пишале уште една паричен налог од 1.500 евра за судските трошоци.
Годинава во февруари Орие беше критикуван поради тоа што на социјалната мрежа Перископ кога одговарал на прашања на навивачите, го нарекол соиграчот Анхел Ди Мариа „кловн“. Во петокот Орие доби црвен картон во првото полувреме од мечот против Тулуз и тоа беше уште еден доказ дека Африканецот мора да си ја „намести“ главата, затоа што богатите шеици во ПСЖ еднаш му прогледаа низ прсти, вторпат тешко.