Бубакар Бери беше споулавен во 74 минута од синоќешниот меч против Грција, кога Вилфред Бони стигна до израмнување кое значеше осминафинале за „Слоновите“.
Голманот на африканската селекција преголемата радост ја покажа во камера со парче трева во уста на која беше убеден дека по истекот на последниот свиреж на судијата ќе го слави пласманот во нокаут фазата.
БСК секунди ја делеа до осминафинале, но фаулот на Сереј во шеснаесетникот беше кобен за Африканците, а прецизниот пенал на Самарас му го загорчи вкусот на Бери кој не успеа да го одбрани ударот.
Уште поголем вегетаријанец од него е Лес Мајлс кој е тренер на американскиот рагби тим LSU кој веќе знае што е највкусно на менито.
„Имам една мала традиција која ме смирува и која ми овозможува да знам дека сум дел од теренот и од оваа игра. Инаку морам да ви кажам дека највкусната трева е онаа на Тајгер стадионот“, објаснува Мајлс