Како Дрогба со говор сопре крвава граѓанска војна во Брег на Слонова Коска

Прв пласман на еден голем турнир, а особено на Светско првенство секогаш е посебен настан. А за земјата каде четири години буктела жестока граѓанска војна, тоа е спасоносно чудо.

На 8 октомври 2005 година репрезентацијата на африканската земја Брег на Слонова Коска со 1-3 го совлада Судан на гости и благодарение на киксот на Камерун со Египет (1:1), Дрогба и другарите сензационално се пласираа на големото Светско првенство 2006 во Германија.

Камерунските „лавови“ водеа уште од 20’ минута, а Египет израмни во 79’. Шок за цела Африка се случи во 95’ минута од овој меч кога левиот бек Пјер Воме го промаши највредниот пенал во историјата на Африка. Со тој гол за 2-1 Камерун ќе одеше на Светско првенство:

„Никој не го сакаше тој пенал. Ни Самуел Ето, ни нашиот голем капитен Ригобер Сонг, никој. Сите знаеа што ќе биде во случај да промаши. Јас секогаш бев храбар и затоа тргнав кон белата точка“, искрено признал левиот бек Пјер Воме на прес-конференција во Италија каде со полициска придружба го испратиле веднаш после мечот. Претходно судбината сакаше токму Воме да постигне златен гол од пенал во финалето на Олимписки Игри 2000 кога Камерун освои олимписко злато.

****

Додека во Камерун настанале големи нереди и инциденти поради промашениот пенал на Воме во 95-та минута, во една од соблекувалните на стадионот „Ел Мериех“ (20.000 седишта) во суданскиот град Омдурман се решавала судбината на цела една голема држѓава.

После појавувањето на камерите во соблекувална, Дидие Дрогба го зграпчил микрофонот и клекнал на колена со соиграчите. Кажа зборови кои влегоа во историјата како епски:

„Мажи и жени на Брег на Слонова Коска од северот, југот, центарот и западот! Денес докажавме дека имаме соживот и дека може да играме заедно со заедничка цел: да се квалификуваме на Светско првенство! Ви ветуваме дека прославата на пласманот ќе го обедини народот. Денес, ние ве молиме, на колена: Простете си. Простете си.

Една земја во Африка со толку многу богатства не смее да западне во војна. Ве молам, спуштете ги оружјата. Одржете избори. Се ќе биде добро. Ние сакаме да се забавуваме, затоа не пукајте со оружјата“, рече Дрогба.

Зборовите на лидерот биле кажани во најтешко време по земјата.

На почетокот на ХХI во една од не баш сиромашните земји во Африка (Брегот на С.К. со векови е број еден производител и извозник на какао во светот и 14. по производство на кафе) почнале политички немири.

Односот меѓу муслиманскиот север каде воглавно живееле мигранти од Буркина Фасо и христијанскиот југ веќе одамна бил сериозно нарушен (според пописот од 2017-та година, 42,9% од населението се изјасниле како муслимани, 33,9% како христијани од кои 17,2% католици, 13,5 протестанти, 3,1% други христијански номинации). 

Оганот се распалил пред претседателските избори во 2000 година кога бил донесен закон согласно кој обата родители на кандидатот за претседател морале да бидат родени во Брегот на Слонова Коска.

Ова го отфрлило од игра лидерот на големата опозиција Аласан Ватара чија мајка била родена во Буркина Фасо.

****

Победа на изборите со 59% од гласовите однел поранешниот политички затвореник и видна личност во земјата, Лоран Гбагбо. Тој ја отфрлил секоја варијанта за повторување на изборите во земјата на што настојувала опозицијата и тоа довело до граѓанска војна.

Се разбуктиле судари во северните региони. Во септември 2001 година уште на првиот ден на побуната бил убиен поранешниот претседател Робер Геј кој ја поддржувал опозицијата.

Гбагбо ја обвинил Буркина Фасо за организација на нередите а војската убила и француски хуманитарци за кои властите тврделе дека биле платени војници. Како одговор на ова Жак Ширак наредил бомбардирање во кое биле уништен 2 воени авиони Су-25 и неколку хеликоптери Ми-8 и Ми-24 на Брег на Слоновата Коска.

По почеток на судирите, земјата како се разделила на два големи логори - најголемиот град Абиџан бил упориште на јужњаците, а центар на северните сили бил градот Буака. Борбите продолжиле уште три години по моментот кога Брег на Слонова Коска обезбеди историски пласман на Мундијал, а претседателот Гбагбо дури и се согласил на нови избори за кои зборуваше Дрогба во говорот.

Пред Светското првенство 2006 година, официјално бил објавен прекид на огнот од двете страни додека траеле натпреварите, така што цела земја можела да ја види првата историска победа на својата репрезентација над Србија и Црна Гора со 3:2.

****

Во 2007-ма година репрезентацијата на Брег на Слонова Коска направи уште една историска постапка за обединување на земјата. На 2 јуни 2007-ма „портокаловите“ требаше да играат меч од квалификациите за Куп на Африка 2008, а по барање на Дрогба и неговите соиграчи, мечот се одигра во Буака.

Првпат од почетокот на војната раководните лица на двете страни се собрале заедно на исто место за да го гледаат мечот. 

Брегот на Слонова Коска постигна 5 гола од кои еден и лидерот Дидие Дрогба, човекот кој го донесе посакуваниот мир во земјата. После мечот играчите правеле почесен круг околу теренот на стадионот а легендарниот шпиц на Челси дури и се сликал со војниците вооружени со автомати.

„Ова беше најдобро нешто што ми се случило во животот. Тоа беше повеќе од фудбал. Гледајте како успеавме да обединиме толку луѓе. Мислам дека само спортот е способен на такво нешто. Сонувавме да го вратиме мирот во нашата земја. Моментот со химната беше најемотивен - првпат двете страни стоеа заедно во мир“, пресреќно раскажал Дрогба за Vanity Fair после мечот.

Веќе во декември 2007-ма година, границата меѓу северот и југот била отстранета и Брег на Слонова Коска можел да се врати во нормален живот. Но за жал не за долго.

На ветените избори кои наместо во 2005 се одржале дури во 2010, победа прогласил Ватара а Конституционалниот совет го прогласил Гбагбо за претседател. 

Политичката криза одново се продлабочила и избиле нови судири во кои загинале околу две илјади лица. Конфликтот продолжил една година. Откако изгубил странска поддршка, претседателот Гбагбо во ноември 2011-та година станал прв актуелен претседател кој лично бил обвинет пред судот во Хаг за злосторство над човештвото.

Во јануари 2019 година тој бил ослободен, иако неговата жена Симона три години претходно добила 20 години затворска казна во земјата за слични обвинувања но ја амнестирале во 2018-та. 

*****

Таа репрезентација со Дрогба ја нарекле „Златна генерација“. Покрај Дидие, во тимот беа уште и Јаја и Коло Туре, Саломон Калу, Аруна Коне, Емануел Ебуе, Дидие Зокора, Жервињо и многу други ѕвезди.

Оваа репрезентација се пласираше на уште две Светски првенства (два пати испаднаа во групи на Мундијалите) и изгубија две финалиња на Купот на Африка. Долгоочекуваниот успех стигна во 2015-та кога Брег на Слонова Коска во финале ја совлада Гана и тоа без лидерот Дрогба. Избраниот претседател Ватара беше пресреќен од победата и на секој член на репрезентацијата решил да му се плати по 3 милиони евра.