Химната на Бразил исвиркана во Париз, Ришарлисон гаѓан со банана

Еден ден после мечот во Скопје, извиркување на национална химна се случи и на Паркот на принцовите каде Бразил на пријателска го декласираше Тунис со 5:1. Маркињос како член на ПСЖ, климаше со главата и не можеше да поверува што доживува на стадионот каде игра скоро 10 години. Навивачите на Тунис освен што ја свиреа химната, го гаѓаа Ришарлисон со банана.

Репрезентативците на Бразил пред стартот на мечот држеа банер со натпис: Без нашите црни играчи, немаше да имаме ѕвездички на дресовите.

28 септември 2022 - 08:32