Еден ден после мечот во Скопје, извиркување на национална химна се случи и на Паркот на принцовите каде Бразил на пријателска го декласираше Тунис со 5:1. Маркињос како член на ПСЖ, климаше со главата и не можеше да поверува што доживува на стадионот каде игра скоро 10 години. Навивачите на Тунис освен што ја свиреа химната, го гаѓаа Ришарлисон со банана.