
На терените во пониските лиги може да се најдат секакви фудбалери. Има фудбалер пред завршување на кариерата, млади кои сонуваат како стануваат професионалци, но и некои кои играат само за да го зголемат нивниот месечен приход.
До пред 20 години, во регионалните лиги на германскиот фудбал играл фудбалер-терорист. Случајот е на Низар Трабелси, туниски центарфор кој од терените во Бундеслигата завршил до војната во Авганистан.
Неговата приказна повторно стана актуелна, затоа што во четврток, на 17-ти декември ќе се одлучува за неговата екстрадиција во САД, откако европскиот Суд за човекови права го одбило неговото барање за излегување од затвор со кауција од 90.000 евра. Приказната на Трабелси, како што раскажува шпанска Марка, наликува на многу други: Како мал се преселил во Белгија, во Стандард Лиеж клуб чијшто скаут го забележал во младинските категории на Тунис.
По неколку сезони во пониските лиги, заиграл и за аматерскиот клуб Нојс. Во тоа време, забегал со дрога и алкохол, сè додека не го фатиле на една анти-допинг контрола. Фудбалската кариера на Трабелси завршила тука.
Токму во годината кога неговата кариера го видела крајот, Трабелси се запознал со Тарек Маруфи, белгиски државјанин од Тунис кој во 2009. го губи белгиското државјанство поради тоа што ФБИ го обележил како соработник на Абу Катада и Абу Хамза, оперативци на Ал Каеда во Европа.
Фудбалерот Трабелси продолжил да патува во северна Африка и на Блискиот Исток каде одлучил да се пресели во Авганистан. Според изјавите за време на судскиот процес, таму лично го запознал Бин Ладен кој барал од него да го вика татко и да му се довери за што и да треба.
Тоа ќе значи и последна судиска свирка во кариерата на некогаш одличниот центарфор.