Девојката која му вршеше фудбалски пренос на дечкото на Whatsapp

Ситуацијата е следна. Дечкото брзал со кола накај дома за да ја стигне Англија - Тунис, но за да не го испушти стартот барал од девојка му да му пишува што се случува. Фотографијата од текстот на девојката добива 13.000 лајкови на Твитер.

„Дечко ми ме замоли да му пишувам што се случува на мечот Англија - Тунис додека патува накај дома. Не можете да кажете дека ова не е точно“, напиша девојката на Твитер.
Преносот оди вака:
 
-За Тунис
-Жолт картон за англискиот играч
-Играчот со жолт картон изгледа како овца
-34 минути сме во игра и на сите косата и понатаму им изгледа прилично добро.
-Тунис даде гол
(И повеќе нема seen)
-Слободен удар за Англија
-Сега Англија ја удри гром и падна насилно доле
-Голема пропуштена шанса за Англија
-Човек од Тунис е на земја
-Изгледа го погодија во коса
-Судијата е незаинтересиран
-Човекот со повредената коса не е задоволен
 
21 јуни 2018 - 11:43