Јанузај со еврогол ја прати Англија на Колумбија

Со натпреварите од групата Г заврши првата фаза од Светското. Белгија славеше и ќе оди на Јапонија а потоа, ако победи, на победникот од мечот Мексико - Бразил. Англија против Колумбија која веројатно ќе биде без Хамес Родригез.

Резултати група Г:

АНГЛИЈА - БЕЛГИЈА 0:1 (0:0)
/Јанузај 51’/

ПАНАМА - ТУНИС 1:2 (1:0)
/Родригез 33’ - Бен Јусуф 51’, Хазри 66’/

Иако се знаеше дека Англија и Белгија се сигурни патници во осминафиналето, вечерашното дерби одлучи и кој на кого ќе оди во следната рунда. Двете екипи влегоа практично со целосно изменети состави, па шанса добија резервистите од првите две кола.

По дремката во првиот дел, во 51’ минута од мечот Аднан Јанузај со маестрален дриблинг го исфрли Дени Роуз од игра и пласираше во аголот на Пикфорд:

На мечот кој немаше никаква важност освен престиж, Панама го постигна и својот втор гол на својот дебитантски настап на Мундијалите. По првите 45 минути водеа со 1:0 но Тунис на крајот ја потврди фаворитската улога и направи целосен пресврт. Панама заедно со Египет се единствени две од 32 селекции кои не освоија ниту бод на Светското.

1-0:

1-1:

1-2:

28 јуни 2018 - 22:00