Во Африканскиот Куп на Нации, каде има 6 групи од по 4 селекции остана уште третото коло од групната фаза, а некои земји се веќе сигурни патници во осминафиналето.
Мароко е во групата Д со Брегот на Слоновата Коска, Јужна Африка и Намибија и со две победи е речиси сигурен патник во нокаут фазата.
Но не сите жители на оваа земја имаат можност да го гледаат Мароко, а причините за тоа се што ниту една мароканска тв куќа ги нема откупено правата кои се во сопственост на Bein Sports.
На социјалните мрежи почна да се шири една фотографија на која деца собрани на куп гледаат фудбал на мобилен. Се работи за селото Дуар Аит Баазиз во регионот Таза каде по се изгледа се светлосни години назад од ерата на кабловски и сателитски антени.
Кога фотката ја видел капитенот на Мароко Мехди Бенатија веднаш се погрижил тие да гледаат фудбал како и сите други деца и набавил телевизор, декодер и пристап до Bein Sports.
Гужвата во затуцаното село драстично се зголемила
Поранешната ѕвезда на Рома, Баерн и Јувентус, на Инстаграм напиша:
„Кога ги гледаме овие сцени, посакуваме се да им дадеме. Ова е за вас деца и ќе направиме се за да бидете среќни.