Мајсторот кој улицата не го заборава

Мароканецот Адел Тарабт е еден од оние фудбалери кои може да не ги видите цел натпревар и после со еден потег да фрлат сенка и на резултатот и на головите и на шансите. Смени еден куп клубови, играше во Ленс, Тотенхем, Квинс Парк Ренџерс, Фулам, Милан, Џенова и на крај се скраси во Бенфика која му ја спаси кариерата.