Во 1994-та година, италијанскиот полициски офицер и поранешен Олимписки пентатлет (5 тешки дисциплини) Мауро Проспери решил да ги тестира своите физички и психички способности. Во тој период имал 39 години, оженет и со три мали деца.
За Песочниот маратон низ Сахара дознал од неговиот другар од детството, Џовани Марцо кој му ја пренел идејата и интересот заедно да се пробаат на 251 километар долгата трка.
По извесно време Мауро Проспери решава да трча по 14 километри дневно, намалува внесување вода со цел да го аклиматизира и навикне телото на дехидратација.
Кога дошол моментот, Мауро се спакувал и заедно со другарот Џовани Манцо отишол во Мароко. Ултра тешкиот маратон стартувал од Фоум Згуид. На 10 април 1994-та Мауро и Манцо тргнале и после првите три дена од маратонот поминале 96 километри по терен од солници (предели од сол и други минерали), карпести површини и песочни дини.
Иако сите ултра-маратонци тргнувале заедно рано наутро, во еден момент поради малиот број натпреварувачи и разни поминати дистанци, секој продолжувал да трча речиси сам.
На четвртата, најдолга етапа од Песочниот ултрамаратон (Marathon des Sables) од 85 километри, Мауро Проспери решил да запне побрзо за да го задржи 4. место во поредокот и зад себе го оставил другарот Манцо кој заостанал.
Дента температурата достигнала до 46' степени и Проспери доживеал страшен пораст на загреан површински воздух кој почнал да создава вртливи ветрови кои достигнувале огромна брзина поради големото пространство на пустината. Откако веќе почнал да го чувствува ефектот на страшниот ветер, Италијанецот на 32 километри решил да скршне по мали песочни дини со цел да го зголеми темпото и чекорот.
Сè појаките налети на ветрот почнале да ги креваат малите дини и го мателе погледот на Проспери. Во еден момент фатила страшна песочна бура. Преплашен дека ќе биде преклопен од песок и ќе остане неподвижен во место, Италијанецот запнал уште повеќе да трча низ бурата која траела цели осум часа.
Мислел дека ја гледа целта.
Во еден момент сфатил дека се изгубил од правата патека и дека околу него нема ама баш жива душа.
Цели 10 дена не можеле да го најдат. Туарегите (група берберски народи од Северна Африка) со тага во гласот тврделе: сам човек максимум може да издржи 6 дена таму. Никој веќе не верувал во чудо и почнале да зборуваат за погреб без тело.
Во тоа време (1994-та година) во Алжир војниците нашле избезумен човек за кого мислеле дека е марокански бегалец. Му ги врзале очите и го пикнале во џип за да го испрашуваат. А како ќе испрашуваат човек кој личи на скелет и зборува само италијански.
После неколку моменти сфатиле дека е Мауро Проспери, олимписки шампион во современ петобој кој станал познат во целиот свет. Едвај собрал сили да им раскаже што го снашло.
Во моментот кога го нашле тежел само 45 кила. Додека го немало тој изгубил 16 килограми. Најмногу му страдал црниот дроб. Доктроите интравенски му внеле 16 литри течности, тој неколку месеци не можел да јаде цврста храна, а рехабилитацијата му траела околу две години.
Во тој период се појавиле и многу скептици. Директорот на Песочниот Маратон, Патрик Бауер и други тврделе дека Италијанецот ја измислил приказната за мачното загубување со цел да стане светска сензација, но не понудиле никакви докази за тоа.
Напротив, службите за пребарување пронаше разни траги и белези што Проспери ги оставал по долгата патека (како јажиња и конци). А во близина на една дупка каде тој поминал неколку дена во засолниште, пронашле закопани трупови од лилјаците кои ги јадел за да преживее.Кога останал без вода, се сетил на методите кои му ги кажал дедо му кои ги стекнал во војната и за да не дехидрира мокрел во шише па конзумирал по малку.
Се хранел со лилјаци, птичји јајца, бубачки и гуштери кои ги наоѓал во близина. Во очај еден ден решил да го зацврсти италијанското знаме во песокта со цел неговата фамилија да го знае местото каде умрел, а во најтешки психички искушенија еднаш и со нож ги сечел вените со цел да си ги скрати маките.
„Многу бев депримиран, очаен. Убеден бев дека ќе умрам и дека тоа ќе биде бавна ужасна смрт, па сакав да ја забрзам. Помислив дека ако умрам во пустината никој нема да ме најде и дека жена ми нема да ја наследи полициската пензија, зошто во Италија ако некој исчезне, треба да се чека 10 години според закон за да се прогласи за мртов“, раскажал во големото интервју во 2014.
Следниот ден станал со крвави раце и продолжил да оди. Се обидувал да се заштити во марабут (исламско светилиште среде мароканската пустина кое е таму ден-денес)
На осмиот ден тој во далечина здогледал оаза во која имало локва вода, но поради тешките отоци во грлото и устата предизвикани од болна дехидрација, Проспери многу тешко голтал вода, па периодично пиел голтка по голтка до крајот на денот.
Следното утро ги наполнил резервите со вода и ја продолжил Одисејата. Набрзо успеал да види и свеж измет од кози па ја слетел трагата која се молел да го однесе до човекови траги. И го однела, но тогаш го следел нов проблем затоа што видел девојче која била дел од карванот на номадите Туарег, носе преплашила кога го видела и избегала. После се вратила со бабаѝ и други членови на карванот па го освежиле Мауро Проспери со козјо млеко и на камила го однеле до првиот воен пункт на Алжир (тој тргнал од Мароко но забегал речиси 180 километри и завршил во Алжир).
По кратко испитување поради воениот конфликт Мароко-Алжир, алжирските полицајци и војници го однеле во болница каде тој седум дена закрепнувал пред да се врати во татковината, во својот Рим. Бил пречекан од стотици сограѓани, новинари, пријатели, роднини на аеродромот.
Закрепнувал цели две години, а потоа уште неколку пати му се вратил на ултра-маратонот во Сахара и дошол до марабутот (исламското светилиште) каде во 1994-та се спасил од сигурна смрт.
До ден денес Проспери е активен спортист, вози кајак и се занимава со разни дисциплини.