Клипот почнува со сцена како за најсмешно видео инсерти во која голманот сам себе се зафркнува и добива црвен картон. Пресуден момент за да се случи оваа тешка драматургија во финишот од мечот.
Инаку се работи за четвртфинална средна од Купот во Мароко меѓу екипите на Могреб Тетуан и Магреб Фез. Комедијата која ви ја спомнавме со голманот се случува во 118-та минута, која нема потреба да ви ја опишуваме. Сами ќе сфатите зошто доби црвен картон.
Поради направени максимален број на измени меѓу стативите застанува капитенот на домаќините Адил Ел Хаснауи, кој по се изгледа во себе криел неоткриен голмански талент.
Само што застана на голот на мангупски начин со една рака им одбрани слободен удар на гостите кои го добија за оној момент поради кој голманот доби црвен.
Сето тоа се случи во последните мигови од средбата пред да почне пенал серијата. А за нејзе како да ви кажеме, заврши 7:6 за Могреб Тетуан.
Домаќините промашија само еден пенал, а гостите два. Виновник за тоа беше токму Адил Ел Хаснауи, играч од среден ред кој им ги фати и двата и излезе јунак број 1.
Клучниот развој на настаните го имате во 76 секунди.