Таг: мароко

Херојот од терористичкиот напад во Турку

Хасан Зубиер е шведскиот турист кој во петокот се најде во Турку и со своето тело се обиде да заштити две жени од нападот на 18-годишниот убиец, инаку бегалец од Мароко.

Најпознатата фризура во светот на фудбалот - Маруан Фелаини

Иако заработува повеќе од 100 илјади фунти неделно, Белгиецот со мароканско потекло важи за еден од поскромните фудбалери во престижната Премиер лига. Кога не ги практикува Рамазанските пости, дели помош на сиромашните во Мароко.

3 минути хорор, страв и ужас

Ако до сега немавте страв од висина, ова е моментот кога стравот ќе ви се ембедира во ДНК. Тројца момци и напуштена зграда во Мароко (или барем сите се на работа). Они може имаат нерви да го снимаат ова, ние не баш и за да го догледаме.

Мароко ќе позелени 600 џамии

Зелената боја не мора да биде само боја на религија, сака да порача Мароко со планот да "екологизира" стотици џамии во земјата. МПЦ уште не е до таа лекција.

Девојката која победи на пеколниот маратон во Сахара

Marathon des Sables важи за еден од најтешките ултрамаратони на планетата. Во шест дена се трчаат 251 километар по Сахара. Женскиот маратон годинава го освои Русинката Наталија Седих, фитнес тренер од Перм која живее во Дубаи.

Молитва во париската џамија за остварување на сонот

Кога на 15 години останал без татко, Риад Марез сфатил дека единствен начин да успее во животот е напорно да работи и да тренира за да стане професионален фудбалер, воедно животна желба на неговиот татко Ахмед.

Судир на кореографии на мароканското дерби

Дербито на Казабланка во Мароко важи за едно од најжестоките во светот. Последното го одиграа минатиот викенд и заврши 0-0. На теренот немаше голови, но на трибините фрштеше на сите страни.

Од Бундеслига во џихад со Ал Каеда

Алжирецот Низар Трабелси играше во Германија, во Фортуна Дизелдорф пред да се доближи до Ал Каеда во Авганистан. „Бин Ладен ми велеше да го викам татко". Во четврток ќе се дискутира за негова екстрадиција во САД.

Се добива ли црвен за ова според правилата?

На првенствениот дуел во Мароко меѓу тимовите на Магреб Фес и АС Сал, домаќинот во 84. минута остана со играч помалку поради тоа што нивниот голман Мохамед Сокра фати навивач кој влезе на терен, го истера надвор и доби црвен картон. Правилата велат дека судијата постапил правилно.

40 голови за 40-ти роденден на Бекам

На денот кога својот роденден ќе го прослави во Маракеш (Мароко), Дејвид Бекам за прв пат се појавил на Инстаграм и им се заблагодари на сите за честитките. Неговите верни фанови на ЈуТјуб објавија видео со 40 голови на Бекс за Јунајтед.

Навивачите на Сан Лоренцо заслужуваат титула

Сан Лоренцо го победи Оукленд Сити во полуфиналето од клупското СП и закажа дуел со Реал Мадрид во финалето во сабота од 20:30. Навивачите на аргентинскиот тим, Ла Глориоза во голем број допатуваа во главниот град на Мароко а песната се ореше уште на аеродромот во Маракеш.

Ебола го откажува Купот на Африка и клупското првенство

Мароко одлучи да крене раце од организација на Купот на Африка 2015, по што ФКА ќе решава дали тој ќе се игра воопшто во јануари. Загрозено и Светското клупско првенство, кое треба да се игра во декември во Рабат.

Стечајно сидро

Три марокански бродови се запленети и укотвени на пристаништето во Сет, Франција. Веќе 5 месеци. Со 200 морнари во нив, кои не смеат да мрднат.