„Бев толку слаб и мал поради што дечките со кои тренирав лесно можеа да ми ја земат топката без многу напрегање“, му раскажува на Пол Дојл од Д Обсервер, најголемото изненадување во европскиот фудбал сезонава.
Тренерот на локалната екипа, Гај Нгонголо раскажувал за Марез за весникот SoFoot: „По натпреварите, остануваше понекогаш до 4 часот наутро на вежбање во теретаната. Таму се потеше цело време. Го сакаше фудбалот. Дури и кога играше во петок за Ле Авр, во сабота доаѓаше да игра со другарите од Сарсел. На 16 или 17 години стана лидер на Серсел меѓу предградијата на Париз, но немаше простор за голем напредок“, вели Нгонголо.
„Една вечер го викнаа да тргне со група играчи на проба во Шкотска од аеродромот Вове во 21 часот. Риад не праша ни во која екипа ќе се оди, ни каде, само ги грабна копачките, направи сендвичи и отиде на аеродромот", вели Сегуру.
Во тој период, Марез имал уште една можност - бретонскиот аматерски клуб Кемпер од четвртата лига барал технички обучен левучар. Поставиле два услови - да дојде во Бретон на свој трошок, а на тренингот ќе имало уште 25 играчи.
За четири години во Ле Авр, Риад Марез преживеал четири тренери, станал помудар и поостроумен. „Мојот пат е необичен. Никогаш до тогаш не бев во големите фудбалски центри, а од тој момент кога дојдов, можев да мислам само на фудбалот и на ништо друго. Напредував секој ден и се надевав дека еден ден ќе играм во Лига 1", вели Марез.
Почнал да го привлекува вниманието на поголемите клубови.
„Има стереотипни фудбалери, а тој не е стереотипен. Имаше нешто посебно во него", изјави претседателот на Ле Авр, Жан-Пјер Лувел за Л'Екип пред неколку години.
Од таа причина Стив Велш, помошник тренер и скаут во Лестер чекирал карта за Франција.
„Првпат го гледав на 27. јули 2012 кога Ле Авр играше против Арле-Авињон, втора француска лига. Јас бев да го гледам Рајан Мендес, кој подоцна дојде во Нотингем Форест на позајмица од Лил, но ми падна во око еден друг играч. Риад имаше страшен прием. Ми се допадна неговата позитивност. Попрво ја земаше топката од својот бек, отколку да дреме и да чека пас. Оттогаш почнавме да го снимаме", изјави Велш за Спортсмејл.
Одлуката да дојде во Лестер била донесена на 20. октомври 2013-та кога Дејвид Милс, шефот на скаутинг службата на Лестер заедно со Роб Мекензи (сега скаут во Тотенхем) го поминале каналот за го гледаат Риад на мечот Ле Авр - Оксер.
„Пред да го потпишеме тој не знаеше каде се наоѓа Лестер, како и многу други странски играчи. Но кога ги виде терените, се чудеше", вели Велш за трансферот кој го чинеше Лестер 320.000 фунти или 450.000 евра.
Првата вечер во Англија Риад пиел пиво во паб и пеел англиски песни. Наскоро се адаптирал на начинот на живот во оваа земја, го научил добро јазикот и лани се оженил за Англичанка. Сезонава заедно со Џејми Варди е најзаслужен за успехот на Лестер кој долго е првопласиран во Премиер лигата. Постигна вкупно 14 голови и има 9 асистенции, доби слава, но никогаш не го заборавил крајот каде што израснал и каде често се враќа кога може.
Сите чуда на Марез сезонава во Лестер: