Се врати од пензија на 73 години, после четири децениска тренерска кариера и ја презеде Рома по трет пат, со цел да ја спаси од тешката криза. Од долниот дел на табелата, ја истурка до битка за ЛШ со неверојатна серија од 19 меча без пораз која им ја прекина Аталанта. Но викендов го победија Милан и сега се петти. Тифозите на Рома го испратија со сите нишани на неговиот последен меч на Олимпико. Во последно коло Рома му гостува на Торино.
Освои малку трофеи, но затоа ги освои срцата на многу навивачи во различни градови. Од Каљари, Неапол, Фиренца, преку Валенсија, Лондон и Рим, па сè до Лестер.
Се работи за римјанин и навивач на Рома, кој до два наврати им беше тренер. За поврзаноста пак со премиерлигашот и нивните навивачи зарем треба да потсетуваме? Во 138 години клупска историја дочекаа прва титула во Премиер лига под негово водство во 2016-та. Овациите од двете страни Раниери емотивно ги прими.
После повеќе од една деценија Интер и официјално го тргна Јувентус од тронот на Серија А и ја освои 19-та шампионска титула во историјата и прва од 2010-та година.
Иако италијанската тренерска струка важи за една од најдобрите на светот, сепак проблемот со не знаење странски јазици кој стручњаците од оваа земја го имаат, знае да биде доста сложен.
Во последниот меч од 14. коло на Серија А, синоќа Каљари и Сампдорија одиграа луд меч кој заврши 4:3. Од 69’ до 76’ минута паднаа 4 гола, а победникот го одлучи Чери со гол во 90+6’ минута.
Шриваданапрабха беше претседател во англискиот фудбал со најтешко презиме за изговарање, но сепак скромен и тивок човек кој ги урна стереотипите на недопирлив газда. Тој се дружеше со навивачите и го бараше минимумот од тренерот.
Успехот кој го остави Клаудио Раниери во Лестер е нешто што навивачите никогаш нема да го заборават. Од тогаш се случи уште една сезона во Премиер лигата, па месецов почна нова, но тие не застануваат со благодарности.
Отказот на Клаудио Раниери сè уште е жешка тема во англискиот печат. Навивачите застанаа во негова одбрана и ги нападнаа играчите, а некои медиуми се позанимаваа со неговите тактички потези и издвоија четири меча кои сметаат дека придонеле за негово отпуштање.
Тоа што сезонава Лестер е само бледа сенка на Лестер од 2015/2016 е точно, но како што кажа Мурињо, никој нема да ја може да ја избрише историјата која италијанскиот стратег ја испиша во клубот, кој 133 години не доживеал такво нешто како лани. Траеше кратко ама многу слатко и незаборавно.
Франк де Бур, Алан Пардју, Гус Хидинк, Гери Роует, Аврам Грант, Најџел Персон или Роберто Манчини? Кој и да дојде ќе има задача да обезбеди опстанок во најдоброто друштво.
Во една евидентна ситуација во која се гледа дека Лестер не е истиот без Канте, а Марез и Варди заедно не можат да стигнат до двоцифрен број на голови, управата на клубот не мрдна со мал прст на трансфер пазарот и се реши за најлесниот потег кога се лоши резултатите. Отказ за тренерот.
Пред две недели англискиот шампион ја оствари „прво па машко“ победата, а синоќа освои нови три бода против Порто во дебитантскиот настап во ЛШ. На Лестер навикнавме во Премиер, но не и во Европа. Како беше околу и на стадионот?
Преубавиот графит сигурно сте го виделе повеќе од еднаш. Беше објавен на сите спортски сајтови ширум светот и сите му се восхитуваа, а најмногу Раниери и Лестер. Улиците на градот ќе бидат украсен со уште спектакуларни графити.
Славниот италијански тенор, Андреа Бочели испеа една две од своите фамозни арии пред почетокот на мечот Лестер - Евертон. Бочели во Англија дошол на покана на неговиот пријател Клаудио Раниери. Капитенот Вес Морган го крена трофејот.
Од бајката Лестер сè уште не се исцрпени сите приказни околу тоа кој на колку се кладел и колку фатил. Ова што ќе го прочитате сега е џек пот кој повеќе личи на лото ливче отколку на уплатен тикет во кладилница, а среќникот не е Англичанец.
Иако има 96 години Рената стана позната, почна да дава изјави, чита спортски весници, го гледа Лестер и постојано е во тек за сè што се случува во клубот за кој добива информации од прва рака.
Мирен и сталожен на ден после испишувањето на фудбалската историја во Премиер лигата, новинарите го начекаа човекот на кој му честитаа еден куп колеги меѓу кои и Мурињо. Го оствари ветувањето дека ќе оди на ручек кај неговата 96 годишна мајка, но успеал истиот ден да се врати дома за да гледа Челси - Тотенхем. Тајната на овој успех вели дека лежи во срцето и душата со кои играа неговите фудбалери.
Најубавото поглавје од приказната на Лестер во освојување на титулата е она за јунакот за кој не се пишуваше и не се зборуваше кога сите ги истакнуваа најзаслужните за подвигот.
Римјанинот Клаудио Раниери, новиот газда на Премиер лигата со Лестер е последниот во серијата италијански стратези кои освоиле првенство надвор од својата земја, од Англија до Кина, далеку од Серија А.