КОПЕНХАГЕН – ЛЕСТЕР 0:0 – 2 ноември 2016
Најраните знаци на раздорот се случија во ноември во Копенхаген на меч од Лига на шампиони, иронично во градот каде фудбалерите на Лестер беа во оние фенси дресови за Божиќ во 2015-та. Луиз Фернандез беше ставен во одбрана формирана од тројца играчи, тактика која претходно Раниери не ја испробувал и која не вроди со плод.
Беше сменета по само 40 минути играчи бидејќи играчите беа збунети и истрошени, а нивниот тренер тврдеше дека ја вежбале на тренинг.
ЛЕСТЕР – ЧЕЛСИ 0:3 – 14 јануари 2017
Раниери се обиде со тројца во одбрана да му се спротивстави и на Челси, тимот кој со таа формација сезонава ја направи најдолгата победничка серија во својата историја. По крила му играа Марк Олбрајтон и анонимниот Бен Чилвел, но тоа беше ново промашување.
По еден час игра Лестер пред своја публика губеше 2:0, а насоките од клупа на Раниери кон своите играчи не допринесоа и до крај примија уште еден гол. За формација со тројца во одбрана лекции во Премиер лига може да дели само Антонио Конте.
САУТЕМПТОН – ЛЕСТЕР 3:0 – 22 јануари 2017
Следната недела Раниери се обиде да му се спротивстави на Саутемптон со дијамант кој беше целосно неуспешен. Натпреварот беше загубен уште по првото полувреме, а летното засилување Ахмед Муса не помогна многу. Оказаки беше збунет во напад, а Раниери по мечот се извини за грешките.
СВОНСИ – ЛЕСТЕР 2:0 – 12 февруари 2017
Мечот кој “го уби“ Раниери беше поразот од Свонси. По негатива од 2:0, две од трите измени кои ги направи беа леви бекови, а третиот беше играч од среден ред. На клупа останаа Оказаки и Муса.