Скудето за Интер после 11 години

Смена на претседатели, 12 тренери и милијарда евра за трансфери

После повеќе од една деценија Интер и официјално го тргна Јувентус од тронот на Серија А и ја освои 19-та шампионска титула во историјата и прва од 2010-та година.

Во летото 2016-та година Ерик Тохир и Масимо Морати продадоа 69% од акциите на Интер на кинеската компанија Suning Holdings Group.

Новите сопственици на почетокот на владеењето кажаа дека нивна цел е пехар во Лига Европа и скудето во Серија А. Зборовите ги поткрепија со сериозни дела: Интер го купи Жоао Марио од Спортинг за 40 милиони евра и шпицот на Сантос Габигол за 29,5 милиони евра.

И двајцата влегоа на листата на 5 најскапо платени играчи во клубот. Поскап од Жоао Марио бил само Кристијан Виери (46,5 милиони евра) во 1999-та.

ПРВИТЕ ТЕШКИ ПАДОВИ

На 14 мај 2017-та, во 36. коло Интер изгуби дома од Сасуоло 1:2. Тоа беше осми меч по ред без победа на Интер и шести пораз, најлоша серија каква што Интер немал во ХХI век.

Нераѕурите завршија на 7. место и не се пласираа во еврокуповите. Габигол во Серија А одигра само 113 минути и ниеднаш од старт.

Дури 9 од 10 најскапи трансфери на Интер во последните 10 години се по доаѓањето на Suning. Четири најскапи играчи од овие 10 дојдоа по назначување на Конте за тренер (Лукаку, Николо Барела, Ашраф Хакими и Кристијан Ериксен).

„Важно е да не се мисли само на следната сезона, туку е важно да се види каде ќе биде клубот за две години, за пет, за десет“, изјави младиот сопственик на Интер Стивен Жан чиј татко е милијардерот Жан сопственик на гигантската компанија Suning.

После четири години по таа изјава Интер стана апсолутен шампион на Италија со голема бодовна предност пред ривалите и ја прекина 9-годишната доминација на Јувентус.

За 11 години од последното скудето и тројна круна освоена со Мурињо, Интер претрпе многу: 2 смени на комплетни раководства со нови сопственици и нова управа, еден куп тренери, пад на средина на табелата и подем кон самиот врв.

Стивен Жан е најмладиот претседател во историјата на Интер и прв странски сопственик на клуб во Италија кој освоил скудето. Појавата на нови газди после Морати не го нарушија наследството на легендарниот Масимо Морати.

ЗАМИНУВАЊЕТО НА МОРАТИ И МУРИЊО БЕШЕ СИЛЕН УДАР НА СТАБИЛНОСТА НА ИНТЕР

„После финалето во Лига на шампиони во Мадрид Мурињо ми кажа дека си оди. 'По ѓаволите, ти ќе ме оставиш со Бенитез'!, му реков тогаш на Жозе. Со Рафа имав многу лош однос. Он ме натера да ги тргнам сликите со Липи и Мурињо од мојот шкаф во соблекувалната. Мислев дека тој знае многу а на крај испадна дека се плаши и од сопствената сенка“, изјавил еднаш Марко Матераци за Undici.

„Он лаже. Сè што кажал е лага. Во моментот кога зборувал со Мурињо јас не ни знаев дека ќе го преземам Интер. И сликите... Ништо такво немало“, одговорил шпанскиот тренер кој правеше чуда со Валенсија и Ливерпул.

Но дури и зборовите на ексцентричниот Матрикс да биле лага, тоа само го потврдува притисокот со кој се соочил Рафа Бенитез кога дошол во Интер само неколку недели по историската триплета во која Нераѕурите освоија Скудето, Куп на Италија и Лига на шампиони.

Бенитез постојано го споредуваа со Мурињо а и самиот Жозе рекол за шпанскиот колега: „Он за пола година успеа да ја сруши најдобрата екипа во Европа“.

Но Рафа имал прецизен одговор на секоја критика.

„Проблемот на Бенитез не беше во површноста туку тој дојде во Интер после тројна круна. Сите играчи во меѓувреме играа на Светско првенство и практично не стигнавме да се спремиме за сезоната. Се договоривме со претседателот за трансфери на Маскерано, Санчез и уште еден играч но Морати се предомисли“, раскажал еднаш Амедео Карбони кој му беше помошник на Бенитез во Интер.

Бенитез во интервју за БиБиСи раскажал:

„Кога ти ветуваат едно, а прават друго кризата е неизбежна. Имавме 15 играчи постари од 30 години, некои по 36-38 години. Уште и повреди. Уште и проблеми во колективот - например ветераните не сфаќаа зошто во прв состав мора да игра 18-годишниот Кутињо. Морати ги игнорираше сите мои прашања. Они направија револуција но само откако јас заминав“.

НОВИ ЦИРКУЗИ И НОВИ ПАДОВИ

Рафа Бенитез го отпуштија во декември 2010-та по триумфот на Интер на Светското клупско првенство.

Шпанецот на последниот разговор со новинарите рекол дека претседателот имал три опции: или да му купи тројца-четворица играчи, да ја продолжи сезоната без план или да го раскине договорот со него. Морати ја избрал третата варијанта, го сменил Рафа Бенитез.

Нов тренер на екипата стана Леонардо кој од 7 место ги качи на второ во Серија А, но тоа беше само илузија на стабилност. Состојбата стануваше се похаотична.

Тимот го презеде Џан Пјеро Гасперини (да, стручњакот кој со Аталанта направи шоу во Лига на шампиони), но тој на клупата на Интер тој се задржа само 5 меча. Морати го обвини дека тој е највиновен за слабата сезона во која Интер заврши шести.

„За овој кошмар е крив Гасперини. Он сè растури и ја остави екипата без самодоверба, постојано се жалеше нешто. Кошмар“, рекол Морати.

Гасперини како и Бенитез изјавуваше дека управата не му донела три посакувани засилувања кои ги барал.

Човек за спас беше Клаудио Раниери. Бар го планираа за спас. И победија 7 меча од 8 но зимата Интер ги продаде Тијаго Мота и Курињо и според Раниери тоа ја нарушило рамнотежата и влијаело на резултатите.  

НИКАКО ДА СЕ ПОФАТИ РЕДОТ

„Ми заѕвони директорот Аузилио. Ми кажа претседателот сака да се види со тебе. Андре, он има чудни идеи, ама што и да ти каже не се согласувај. Мислам дека Пјеро беше чесен и искрен со мене. Интер беше буре барут на кое се изгореа многу тренери. Но како можев да одбијам? Би се негирал себеси.

Памтам како отидов во соблекувална и пробав да отворам врата. Но таа не се отвораше. Се трудев, тегнев, влечев но ништо. Еден вработен во клубот помина и ми кажа дека вратата се отвора обратно. На крај влегов внатре. Ги видов во очи увездите кои претходно ги гледав само на сликици - Снајдер, Милито, Ѕанети, Камбијасо. Си реков они сигурно си мислат: „Толку ли сме лоши, со што заслуживме ваков тренер?“, раскажал еднаш Андреа Страмачони, најмладиот тренер во историјата на Интер.

Страмачони имаше добар старт. На 9 меча во Серија А, Интер оствари 5 победи меѓу кои и триумф во големото градско дерби од 4:2.

„Имав одличен однос со тимот и претседателот. Морати секогаш доаѓаше во базата пред домашните натпревари, а после ручекот одевме кај него во канцеларија. Му ги објаснував нашите идеи. Пред дербито со Милан ја виде акцијата која ја воигрувавме од прекин после кој го дадовме првиот гол. На 2:2 јас го ставив Пацини а не бек. Морати ми се јави ноќеска да ми честита. Ми рече дека му се допаѓа мојот концепт“, додал Страмачони.

Првата полусезона 2012/2013 Интер ја заврши на второ место. „А после се се урна. Ето, Милито, Станковиќ, Паласио, сите клучни играчи тешко се повредија. Снајдер се скара со управата, го ставија на трансфер листа. Јас се замерив со Касано. Но главно беше што Морати реши да го продава Интер. Тој мене ми ја довери екипата.

Веќе ја планиравме следната сезона, ќе игравме 4-3-3 со Милито, Обамејанг и Папу Гомез во напад. Но со циклусот Морати заврши и мојот циклус. Новиот директор Фасоне сакаше свој тренер“. 

„Сите во клубот бевме како деца на Морати, а сега останавме без татко“, се сеќава Страмачони. „Морати беше тајната на успехот на Интер. Без него се стана поинаку“.

ЕРИК ТОХИР ВЕТИ ТРИУМФ ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ, АМА ИНТЕР БЕШЕ ОЧАЈНО РАКОВОДЕН

Масимо Морати продал скоро 70% од акциите во Интер.

„Јас можам мирно да продолжам. Да се вратат долговите не е проблем. Мене ме загрижува иднината на клубот. Тој треба да се развива. Појавата на акционер од Азија е важен чекор кој ќе отвори многу врати. Интер ќе стане популарен во цел свет“.

Индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир платил 250 милиони евра за да стане мнозински акционер во Интер.

„Во 2016-та финалето на Лига на шампиони се игра во Милано. Ќе биде многу добро да го освоиме“, изјавил новиот претседател на Интер. Но во Серија А 2014/2015 нераѕурите завршија на 8. место и не се пласираа ниту во еден еврокуп.

А во летото 2016-та Тохир ги продал своите акции.

Наместо Страмачони тренер на екипата стана Валтер Мацари кој беше основоположник на новиот Наполи кој со него заврши на 2. место во 2012/2013. Со Мацари на клупата, Интер заврши на 5. место а во ноември 2014-та му дадоа отказ во моментот кога Интер беше 9-ти на табела.

Роберто Манчини кој претходно освои три скудета по ред со Интер и стана шампион на Англија со Сити, се врати во Милано но не ја поправи ситуацијата и заврши на 8. место. Следната сезона Тохир одново се разочарал во проектот и во целост ги продал сите свои акции во Интер.

„Во Интер царуваше хаос. Со тоа не можеш да се справиш. Многу луѓе носеа одлуки. Жалам што испадна така, екипата беше спремна да победува, но внатре во клубот немаше основа за да се развиваме. Јас зборував ама не ме слушаа. Горд сум и не можам да работам во такви услови“, рекол Манчини кога си одел.

КИНЕСКИТЕ ГАЗДИ ЕДВАЈ ДОНЕСОА МИР И ОДЛИЧНО ВЛАДЕЕЊЕ

„Зошто ги продадов акциите во Интер? Ми стигна добра понуда. Јас ги штитам своите инвестиции. Кога дојдов ветив изградба на нов стадион и реогранизација на менаџментот. Тоа со стадионот испадна неизводливо (градските власти не дозволувале изградба на нов стадион), а тоа беше крајно важно за мојот бизнис. Погледнете го Јувентус, они можат да си го дозволат Роналдо. Но сигурен сум дека Сунинг има амбициозни цели. Бизнис е бизнис“, рекол Ерик Тохир кога заминал од Интер.

Првата сезона под новите сопственици од кинескиот гигант Suning беше кошмарна за Интер.

„Клубот беше осино гнездо. Мислам дека ниеден тренер не би успеал таму. Сакав да сменам се, сите, да донесам нов менталитет во тимот кој одамна победувал. Но тоа беше трул колектив, а не ми дозволуваа да се избавам од некои фудбалери. Невозможно беше да се работи со екипата. Едни не ме слушаа и не сакаа да работат. А 50% од времето ми одеше на разговор со агентите кои имаат огромно влијание“, се жалел Франк Де Бур кој беше можеби најслаб тренер од сите во последните 50 години.

Франк Де Бур не бил задоволен од играчите, а тие од него.

Фелипе Мело еднаш кажал дека Де Бур не знаел ни збор италијански па затоа не можел да зборува со него. Габигол рекол дека Холанѓанецот е лицемер кој се плаши да збори со него лице во лице. Тоа го кажал и Жофри Кондогбија: „Во понеделник ти прави да пукне дај си рака, а во вторник те игнорира“.

Франк Де Бур издржа три месеци во Интер. Го победи Јувентус ама изгуби 7 од 14 меча.

После него дојде Стефано Пиоли кој остана на клупата пола година. Почна со 7 победи по ред а си отиде после 7 кола без триумф.

ЗА 11 ГОДИНИ ИНТЕР ПОТРОШИЛ НА НОВИ ИГРАЧИ АСТРОНОМСКИ 1,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ОД КОИ 686 МИЛИОНИ ЕВРА ПО ДОАЃАЊЕТО НА КИНЕСКАТА КОМПАНИЈА SUNING

При кинеските сопственици Интер не заработил на трансфери и секогаш троши повеќе отколку што продава.

После седмото место во првата сезона, новите сопственици решиле не само да инвестираат во играчи (во дебитантската година дале 160 милиони за трансфер), туку и за тренер.

Лучано Спалети потпиша договор на 4 милиони евра годишно (повеќе од него во тој момент во Италија заработувал само Макс Алегри).

По крајот на сезоната младиот претседател на Интер Стивен Жанг плачел од радост кога Интер се пласирал во Лига на шампиони - првпат после 2011-та!

Спалети два пати заврши четврти, но за клубот четврто место во тој период беше исто како скудето после сите бури. Паралелно со напредокот на терен, новата управа ја засилувала и финансиската состојба па приходите од реклами и нови спонзори рипнале за цели три пати.

Во Интер дојде Бепе Марота кој беше алфа и омега во Јувентус и еден од најзаслужните за хегемонијата на нераѕурите.

„Интер искрено почна да се менува со доаѓањето на Спалети“, тврдеше Самир Хандановиќ, капитенот на тимот.

Лучајно ја врати самодовербата на екипата, 

Остана уште да се поправи лошата атмосфера во соблекувалната, да се избават од пргавиот Мауро Икарди (попрво од жена му Ванда Нара отколку од него), да дојде нов тренер кој освои три скудета претходно со Јувентус, да се плати скапо, да се потпише напаѓач кој новиот скап тренер одамна го сонувал.

А после една година, второ место во Серија А и пораз во финале на Лига Европа, на скапоцениот тренер му се исполнија сите желби и барања и Интер со Антонио Конте стана шампион.

Испаѓањето од Лига на шампиони го рани Интер но не го уништи. Ромелу Лукаку во две сезони стана најдобриот стрелец на екипата во последните 11 години. Мауро Икарди постигна два пати повеќе голови од Белгиецот но за цели 6 сезони. 

Статистиката на Антонио Конте како тренер на Интер е иста како на Мурињо: 62% победи, 2,1 бод во просек по натпревар.

„Овој Интер има сè за да почне нов циклус и да успее повторно во Лига на шампиони“, смета легендарниот Морати.

Но од друга страна уште зимата во 2020-та се пуштија гласини дека Сунинг може да го продаде Интер.

За клуб кој болно преживеа две тешки смени на сопственици во шест години, ова би можело да значи нов удар, но младиот претседател на Интер Жанг, ги демантира тие информации. После освоеното скудето тој потврди дека остануваат.

Проектот продолжува, Кинезите се спремни да инвестираат дури и во услови на пандемија и да привлечат нови спонзори. А задача на Марота, Аузилио и Конте е скудетото да биде само отскочна даска.

„Антонио кажа дека нашиот триумф во Серија А е резултат на искуство и јас сум согласен со него. Но веќе сонуваме за следното скудето“, изјави Бепе Марота.