Мирен и сталожен на ден после испишувањето на фудбалската историја во Премиер лигата, новинарите го начекаа човекот на кој му честитаа еден куп колеги меѓу кои и Мурињо. Го оствари ветувањето дека ќе оди на ручек кај неговата 96 годишна мајка, но успеал истиот ден да се врати дома за да гледа Челси - Тотенхем. Тајната на овој успех вели дека лежи во срцето и душата со кои играа неговите фудбалери.