Величествена кореографија во чест на Клаудио Раниери

Се врати од пензија на 73 години, после четири децениска тренерска кариера и ја презеде Рома по трет пат, со цел да ја спаси од тешката криза. Од долниот дел на табелата, ја истурка до битка за ЛШ со неверојатна серија од 19 меча без пораз која им ја прекина Аталанта. Но викендов го победија Милан и сега се петти. Тифозите на Рома го испратија со сите нишани на неговиот последен меч на Олимпико. Во последно коло Рома му гостува на Торино.

19 мај 2025 - 09:01