Со шампионска игра против Евертон, фудбалерите на Лестер уште еднаш докажаа дека се најдобра екипа во Англија сезонава. Мечот на преполниот Кинг Пауер во рамките од последното 37. коло во Премиер лигата заврши 3:1 (2:0), а го одбележи Џејми Варди со два гола.
Непосредно пред мечот, легендарниот италијански тенор Андреа Бочели ја изведе аријата Nessun dorma а потоа и фамозната Time to Say Goodbay. Лестер официјално стана шампион минатиот понеделник по ремито Челси - Тотенхем и на тој начин ја направи најголемата сензација во историјата на модерниот спорт.
Играчите на Евертон со аплауз ги пречекаа шампионите:
Настапот на Бочели:
Доделувањето на пехарот: