По 26 кола Лестер минатата сезона беше лидер на табела со 53 бода, два повеќе од Тотенхем, а сега по 25 средби е 17-ти со 21 бод. Минатата сезона загубија само три меча, а оваа 14. Лани примија 29 гола во оваа фаза, а сега имаат примено 43.
Одговорноста за оваа статистика отиде кај Клаудио Раниери, човекот кој пред 298 дена на градот му донесе нешто што можеби никогаш немаше да го доживеат и човекот кој на почетокот на овој месец и покрај слабите резултатите и борбата за опстанок, доби поддршка од клубот за кој во август 2016-та потпиша нов 4 годишен договор.
Зошто токму сега, ден после поразот од Севиља од 2:1 кој е достижен? Прашање на кое нема одговор од раководството на Лестер кој излезе со штуро соопштение. Девет месец откако ја освои Премиер лигата, Клаудио Раниери не е повеќе тренер на актуелниот првак на Англија.
Во анкета на БиБиСи дали Лестер требал да го отпушти Раниери 87% одговориле НЕ.
Ова се дел од фактите кои не му одеа во прилог:
КАНТЕ И ЖЕШКОТО ЛЕТО
Првиот кикс на управата на клубот беше продажбата на Н`Голо Канте. Можеби беше неизбежна бидејќи беше добро платен, но на негово место не дојде достојна замена. По тој потег, алармот дека треба да се купи играч од таков калибар се вклучи уште за време на летните подготовки кога Лестер забележа тешки порази од ПСЖ и Барселона, покажувајќи разлика во класи од големите европски клубови со кои ги чекаше битка во ЛШ.
КАТАСТРОФАЛЕН СТАРТ
Во прво коло Лестер загуби од Хал, клуб кој беше економски целосно уништен и кој на летните подготовки во Австрија отпатува со 9 играчи. Додека во Лига на шампиони газеа, во домашното првенство паѓаа на дуелите со ВБА, Ватфорд и Сандерленд.
ДЕБАКЛ ВО ПОРТО
Во групната фаза во ЛШ завршија први со само еден пораз, но тој беше многу висок од 5:0 за што Клаудио Раниери им се извинуваше на навивачите.
КОНТЕ И МУРИЊО
Два убедливи порази од 0:3 на домашен терен од Челси и Манчестер Јунајтед. На Жозе Мурињо тоа му беше еден вид на одмазда бидејќи токму после поразот од Лестер беше отпуштен минатата година од Челси.
БУНТОТ НА УЛОА
Аргентинецот Леонардо Улоа го покажа својот бес за тоа што тимот не се засили за време на јануарскиот преоден рок и зборуваше за лажни ветувања. Сигнал по кои се појавија гласини дека бунтувале и други играчи меѓу кои Варди и Морган. Колку е точно ова не се знае со сигурност, но Раниери е дефиниран како “премногу лојален со своите луѓе“.
МИЛВОЛ
Киксот преку кој веројатно не можеше да се помине, беше елиминацијата на Лестер во ФА Купот од третолигаш. Тука се претпоставува дека во Лестер рекле „This is the end“. Не помогна ниту достојниот пораз од Севиља која може да се елиминира на реваншот со 1:0.
КАНТЕ, ВАРДИ И МАРЕЗ