Уметникот кој го разубави градот со јунаците на Лестер

Преубавиот графит сигурно сте го виделе повеќе од еднаш. Беше објавен на сите спортски сајтови ширум светот и сите му се восхитуваа, а најмногу Раниери и Лестер. Улиците на градот ќе бидат украсен со уште спектакуларни графити.

Ричард Вилсон е лондонски уличен уметник, кој е творец на прекрасниот графит со ликот на Клаудио Раниери. Необично е што Ричард е навивач на Квинс Парк Ренџерс, но како што раскажува во интервјуто за Англиски Акцент, после титулата на Лестер решил да му оддаде признание на Раниери.
 
Но еуфоријата во градот била толку голема, а сите воодушевени од ремек делото на Ричард, така што побарале од него да нацрта графити и со играчите на шампионот Лестер. Тој сега се спрема да ги украси ѕидовите во центарот на Лестер со хероите на овој град. Проектот изгледа дека ќе биде еден од најдобрите фудбалски уметнички проекти во историјата.
 
Еве што вели Ричард за идејата:
 

Ријад Марез

Шинџи Оказаки

Капитенот Вес Морган

Еден навивач на Лестер во спомен на чудесната сезона во Премиер лигата решил да исцрта тетоважа со ликот на Клаудио Раниери - а по мотивите на графитот на Ричард.