Со гол од одбиена топка по одбранет контроверзен пенал во продолженијата, Англија се пласираше во големото финале на Европско првенство. За време на изведувањето на Кејн, на голманот Шмајхел му светеа со ласер од трибините.
Данска извади 1:1 во регуларните 90 минути и го издржа жестокиот протисок на фаворитот. Англичаните имаа посед, но и две доста сериозни шанси за да ги избегнат продолженијата, особено приликата на Стерлинг во првиот дел.
Нивната славна фраза ја верглаа на Мундијалот 2018-та ама зарибаа во полуфинале против Хрватска. Сега повторно стигнаа до топ 4 и сонуваат трофеј половина век, што е премногу за земја од каде потекнува фудбалот. Каспер им го спушти.
Лестер го загуби директниот дуел против Манчестер Јунајтед, вреден пласман Лига на шампиони, а најголемо разочарување на мечот беше Каспер Шмајхел кој не смееше вакво нешто да си дозволи, без разлика што мечот веќе беше решен.
По нерешени 1:1 после 120 минути игра, репрезентацијата на Хрватска ја победи Данска на пенали и сега во четвртфиналето во Сочи ги чека домаќинот Русија.
Голманот на Лестер минатиот викенд против Свонси побара замена бидејќи имал проблем со кила. Во понеделникот беше на операција, а денеска се однесува како да поминал само со гребаница.
Разните патешествија со татко му, му овозможиле на малиот Каспер Шмајхел да учи од најдобрите голмани во тоа време. Имал тежок пат во ниските лиги во Данска, Португалија и Англија а како круна на сè дојде титулата во Премиер лигата со Лестер.
Преубавиот графит сигурно сте го виделе повеќе од еднаш. Беше објавен на сите спортски сајтови ширум светот и сите му се восхитуваа, а најмногу Раниери и Лестер. Улиците на градот ќе бидат украсен со уште спектакуларни графити.
Во понеделник во семејството Шмајхел два члена се разбудија како освојувачи на титулата во Премиер лигата. Легендарниот Питер Шмајхел има титули со Манчестер Јунајтед, а син му Каспер Шмајхел сега освои со Лестер.