Од татко на син

Како Каспер Шмајхел стана шампион како Питер

Разните патешествија со татко му, му овозможиле на малиот Каспер Шмајхел да учи од најдобрите голмани во тоа време. Имал тежок пат во ниските лиги во Данска, Португалија и Англија а како круна на сè дојде титулата во Премиер лигата со Лестер.

Од породилно на стадион

По завршеното полуфинале со Холандија во 1992.. година, репрезентацијата на Шведска тренирала на стадионот во Гетеборг. По пат Питер Шмајхел му го покажал МекДоналдс на селекторот и му кажал дека играчите се гладни и сакаат хамбургери. А зборот на Питер се почитувал.

По тренингот, МекДоналдс бил блокиран од триесетина луѓе во црвено-црна опрема: играчи, тренери, стручен штаб, лекари на репрезентацијата на Данска. Следната вечер Шмајхел му одбрани пенал на Ван Бастен во полуфиналето, а на крајот во финалето два силни шута на Клинсман.

Постои легенда за тоа дека селекторот на Данска за тоа Евро 1992. година, откако дознал дека Југославија е дисквалификувана поради санкциите во ОН, ги собирал играчите по плажа, но не е баш така.

Данците биле во Брондби каде се спремале за пријателската против Германија и тренирале по два пати на ден. Една вечер меѓу двата тренинга станало јасно дека одат на ЕП место Југославија.

На првенството не отпатувале двајцата најдобри играчи: Лаудруп постариот (конфликт со селекторот) и стоперот Јанце (исто конфликт, па повреда). Иако последна во групата, Данска во последното коло ја победи Франција 2:1 и потоа стигна до финалето каде славеше против Холандија 2:0. Стрелец на вториот гол беше Ким Вилфорт чија ќерка имала помалку од еден месец живот поради леукемија.

Големото финале синот на Питер Шмајхел, Каспер го гледал со мајка му од трибините. На фудбалскиот стадион се чуствувал како дома. 

На 9. ноември 1986. година Питер Шмајхел го одиграл прошталниот меч за Видовре, а неговата сопруга Бенте од болница со новоредниот Каспер кој имал само 4 дена дошла на стадионот да го гледа прошталниот натпревар на својот сопруг.

Првите сеќавања на малиот Каспер од тоа време биле: Облеката во Hulme Hall школото, бордо наметката и сината кравата, синовите на Стив Брус и Пол Инс кои му биле најдобри другари. После школото половина час се возел со кола со мајка му до вратата на Клиф, тренинг центарот на Манчестер Јунајтед каде татко му ги бранел шутевите на Кантона, Робсон и Канчелскис.

Клиф бил така организиран што во него можел да дојде новинар, навивач на Сити, тренер на најголемиот ривал, но само децата не го иритирале Алекс Фергусон. Каспер доаѓал на тренинзите скоро секој ден а фудбал играл во приватна академија. До 12 години не бил член на ниту еден клуб.

Од Лисабон во интернат

Финале на јуниорското првенство на Португалија. Каспер со 14 години бил голман на Ешторил. Во финалето конечно излегле на нормален тревник, затоа што претходно се фрлал по земјени терени. Во првото полувреме се повредил првиот голман Силвио, така што тренерот при резултат 4:0 за Ешторил го става Каспер на голот и овој станува шампион на Португалија У-16.

Две години порано - соблекувалната на Камп Ноу.

Рои Кон во светло сива кошула и црни панталони (не играше поради суспензија во финалето на ЛШ) го отвори шампањот. Двајт Јорк заигра некој танц, Денис Ирвин се полеваше со пиво, легендата на Ман. Јунајтед Алби Морган го фрлија во базен, а Каспер Шмајхел срамежливо се држеше до татко му, капитенот на Манчестер Јунајтед во финалето 1999. година.

Големата победа над Баерн беше и последна во кариерата на Питер во Шмајхел. Се преселил во Спортинг Лисабон, а син му го однел во Ешторил само да не безделничи преку ден. Каспер не играл многу, па го ставиле да брани. На 13 години првпат почнал редовно да тренира, а две години подоцна татко му се заситил од Лисабон. Го повика Астон Вила, а Каспер со сестра му и мајка му се вратил во Данска.

Таму малиот Каспер бранел во клубот на школскиот интернат во селото Оуере.

Од ракомет во Манчестер Сити

26. јуни 2002 година данскиот канал DR2 го пренесувал мечот мешу ѕлатниот состав на фудбалската репрезентација против тимот Нокебинг. Се играло во чест на јубилејот 10 години од освојувањето на Европското. Присутните се смееле, носталгично се сеќавале, паднале доста голови, а еден од головите го чувал синот на Питер Шмајхел. Не само што личел на него туку и начинот на бранење им бил ист. До 18 години Питер Шмајхел обожувал ракомет, па така и син му како мал бранел во ракометната екипа на неговиот школски тим. Никлас Ландин (денес најдобар голман на ракометната селекција на Данска) бил прв голман во екипата, и Каспер немал многу шанси.

Додека бил во фудбалскиот клуб Брондби, Каспер бил на еден јуниорски турнир каде го забележале скаути на Манчестер Сити каде бранеше и татко му. По две недели на проба, Кевин Киган решил да потпише договор со Каспер. Питер никогаш не инсистирал неговиот син да биде голман и го прашал: „Што сакаш да ти бидам, татко или тренер? -Татко, рекол Каспер“.

Негов тренер доброволно и бесплатно му станал третиот голман на Сити, Тим Флауерс. Во ’90-те години, Флауерс бил репрезентативен голман и веќе освоил првенство со Блекбурн

Од четврта лига во Шкотска

„Еј мали, оди по кафе“, му викнал новиот голман на Сити, Дејвид Џејмс. Каспер отишол. „И донеси ми шише вода“. Каспер донел. „А сега собери ги топките“. Каспер ги собрал и ги однел во соблекувалната а таму Тим Флауерс му кажал: „Полека со него, тој е најдобриот голман во Англија. Внимавај и учи од него се што можеш“.

За три години во Сити, Каспер учел од три голмани, Флауерс, Симан и Џејмс и на 19 години го позајмиле во Дарлингтон. Во 30-та секунда од дебито против Питерборо, Џејмс Квин во еден дуел скоро го онесвестил Каспер кој за половина час примил гол од истиот играч.

Но следните три меча Каспер не примил ниеден гол и Дарлингтон од 13. место се искачил на осмо. Наскоро по враќањето во Манчестер, го пратиле на нова позајмица, овој пат во Бјури каде првиот голман Крег Дутсон имал скршена рака. Повторно во четвртата лига но подобар пласман, 22. место. Во Бјури се зближил со тренерот Крис Каспер кој играл за младинците на Јунајтед со Бекам, Невил и Сколс и бил капитен на Англија У-19 која го освоила ЕП 1993. година.

Во тој период Каспер го прими и најсмешниот автогол кој го постигна Крис Брас:

Каспер е и автор на еден од најубавите голови кој го постигнал голман. На мечот Лестер - Јеовил во Чемпионшип:

По решавачкиот меч против Нотс Каунти кога Бјури обезбедил промоција, навивачите го фрлале во вис и го сканидрале неговото име. Во тој период тренер на Сити беше Стјуарт Пирс кој за голмани ги имаше Исаксон, Вивер и Харт. Кога Вивер се повредил, Каспер се вратил во Сити како трет голман.

Кога на еден тренинг дошол тренерот на шкотскиот Фалкирк, Брајан Рајс, стар другар на Пирс од Нотингем, го прашал дали може да го земе малиот Каспер на позајмица. Четири месеци подоцна Каспер Шмајхел му фати пенал на Крег Бити и после шест порази Фаликрк го победил дома Селтик, шампионот на Шкотска.

По патешествијата низ шкотските ливади, Каспер се врати во Англија каде бранеше за Лидс Јунајтед и во 2011. година стана член на Лестер, тим со кој ја освои Премиер лигата како некогаш татко му со Манчестер Јунајтед.

После се, татко му му рекол: „Сега може да зборуваме на исто ниво“.